Боев и Зекири предложени за редовни членови на МАНУ, за дописни Миневски, Велев, Даутовски…

September 16, 2025
1 min read

Изет Зеќири, економист и доскорешен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ и Блажо Боев, геолог и поранешен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се предлозите за нови редовни членови на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Зеќири и Боев се двајца од вкупно предложените 22 кандидата во категориите редовни и дописни членови, членови надвор од работниот состав и почесни членови, за чиј прием ќе се изјаснува изборното Собрание на МАНУ.

Значителен број кандидати, 14, се предложени за дописни членови на МАНУ. Најмногу предлози за дописни членови, дури седум, се добиени од Одделението за уметност на МАНУ. Меѓу нив се музичарот Драган Даутовски, сликарите Невзат Бејтули, Новица Трајковски скулпторите Жарко Башески и Александар Сашо Саздовски, како и писателите Ивица Џепароски и Блаже Минески. Од Одделението за лингвистика и литературна наука е предложен Илија Велев, еден од најпознатите македонски медијависти, научен работник и книжевен творец, редовен професор и научен советник во ЈНУ Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и автор на бројни научни трудови. Одделението за општествени науки ја предложи универзитетската професорка од Правен факултет на УКИМ, Гордана Лажетиќ, додека Одделението за технички науки за дописни членови ги предложи Димитар Трајанов, универзитетски професор на ФИНКИ и Мирко Тодоровски, универзитетски професор од ФЕИТ. Тројца кандидати се предложени за дописни членови од страна на Одделението за природно-математички и биотехнички науки: Златко Левков, биолог и универзитетски професор на Факултетот за природни науки, Александар Узунов, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, како и Башким Зибери, универзитетски професор на Државниот универзитет во Тетово.

За членови на Академијата надвор од работниот состав се предложени Сибила Петлевска, хрватска писателка со македонско потекло, Гордан Караман, редовен член на Црногорската академија на науките и уметностите, како и Светлана Мојсов, вонреден истражувачки професор на Универзитетот „Рокфелер“ во САД и Стојко Стојков, универзитетски професор на Факултетот за образовни науки на УГД во Штип и активист во движењето на Македонците во Бугарија како сопретседател на ОМО „Пирин“ (2004 – 2006) и на ОМО „Илинден“– Пирин (2006-:-2025 г.) како сопретседател и портпарол. Во периодот 2011 – 2025 г., има изготвено 15 извештаи за положбата на македонското малцинство во Бугарија.

За почесни членови на МАНУ се предложени универзитетските професори во пензија, Владо Поповски и Трајче Стафилов. Поповски беше и министер во македонските влади, како и еден од тројцата автори на работниот текст на Уставот на Р Македонија, донесен на 17 ноември 1991 година. Тој бил и прв директор на Агенцијата за разузнавање на Македонија. Трајче Стафилов, пак, е познат македонски хемичар зад кого стојат бројни научни трудови и проекти.

Огласот за прием на нови академици беше објавен пред неколку месеци, по што следуваше предлагањето кандидати од страна на соодветните предлагачи. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

Следно

ВИДЕО: Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

Latest from Blog

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот

И во Албанија шефот на судиите е странец

Шпанецот Бернардино Гонзалес Васкез е новиот шеф на судиската организација на Албанија, со што фудбалот и во оваа земја ангажираше странски експерт кој ќе го набљудува и развива судењето на фудбалските стадиони.

ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНИЈА – 360 милиметри дожд за 24 часа, четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна
Go toTop