Бочварски во Куманово: Ја засилуваме динамиката на реализација на капиталните инвестиции, над 2 милијарди евра инвестираме во патишта, железници, гасоводи

March 6, 2024
1 min read

Го продолжиме трендот на зголемена реализација на инвестициите во капитални проекти во сите општини. Градежната сезона полека се отвора, а со тоа и динамиката на работа на терен. Денеска сум во Куманово да направам увид во реализацијата на капитални проекти што ги работиме преку централната власт, истака министерот Бочаврски од Куманово.

Министерот изврши увид во градежните работи на улицата “300” во населбата Ајдучка чешма, инвестиција од 9,6 милиони денари средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.

Реконструкцијата на оваа улица беше барање на жителите од оваа населба, а исто така на нивно барање ќе се изврши и проширување на истата.

– Се наоѓаме на улица 300 во населбата Ајдучка чешма каде вршиме целосна реконстуркција на оваа улица. Работата се одвива според планираната динамика и тоа што сакам да најавам е дека по барање на жителите ќе направиме нејзино проширување. Исто така во Куманово многу брзо започнуваме со реконструкција и на уште еден локален пат и тоа од Костматац преку Мургаш до Новосељање во должина од 5 километри за што вкупно инвестираме преку 800 илјади евра. И морам да спомнам дека овие инвестициски зафати се на барање на граѓаните. Реконструкцијата на овие улици се дел од проектот на Министерството за транспорт и врски со кој даваме силна поддршка на општините, проекти кои се од големо значење за граѓаните и за развој на локалната економија, изјави министерот Бочаврски

Преку проектот за локални патишта во општините до сега рехабилитирани се преку 180 локални улици и патишта во над 60 општини.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Ана Брнабиќ кандидат за претседател на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

Следно

ВИДЕО: Џеј Ло и Афлек снимени во кино, тоа што го направија по филмот изненади многумина

Latest from Blog

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Тејлор Свифт донираше милион долари во хуманитарни цели

„Фидинг Америка“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News. Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата. „Оваа

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица
Go toTop