Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан

February 24, 2026
1 min read

Блокадата на патниот правец  Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.

– Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а десетици товарни возила се принудени да чекаат неколку дена за да ја преминат границата, објавија медиумите.

За патнички моторни возила се препорачува движење по споредни патишта, но, се препорачува голема внимателност.

-Надлежните служби во соработка со службите од соседните земји, работат на изнаоѓање решение  со можност транспортните возила да може да поминуваат преку граничниот премин “Блато” кај Дебар, за влез и излез од македонска и албанска страна и преминот “Какавија” со Грција, наведуваат медиумите.

Агенцијата за патишта објави дека според првите проценки неопходна е изградба на нов мост и зафат кој ќе трае подолго за поправка на коловозот.

Објаснуваат дека тоа е последица на обилните дождови, наспроти опозицијата која обвинува за неквалитетна изведба на работите на патот кој е дел од Коридорот VIII, поради ” коруптивни тендери на власта”.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Савевски: Јавниот обвинител мора да интервенира ако има основ за преквалификација во случајот „Пулс“

Следно

Му рекол на семејството дека ќе го има на вести, па со автомобил полн со експлозив се забил во електрана- ФБИ истражува тероризам

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу
Go toTop