Блинкен со остра порака за Додик: Тој се наоѓа на авторитарниот пат на Путин

March 29, 2023
1 min read

Ваквата порака доаѓа откако Република Српска ја криминализираше клеветата и навредата, а Додик најави и измени на законот за невладини организации, како и измени со кои ќе им се забрани на ЛГБТИ лицата пристап до училиштата и градинките

Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, преку Твитер упати остра порака за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, велејќи дека се наоѓа на авторитарниот пат на рускиот претседател Владимир Путин.

„Нападите на Милорад Додиќ врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој се наоѓа на авторитарниот пат на претседателот Путин. Стејт департментот, застапувал од амбасадорот Мајкл Марфи, продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина која ја заслужуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина“,

вели Блинкен.

Пораката од американскиот државен секретар доаѓа откако неодамна во Република Српска беа усвоени измени на Кривичниот законик со кои се криминализира клеветата и навредата, како и најавите од Додик за измени на законот за невладини организации, како и измени со кои ќе им се забрани на ЛГБТИ лицата пристап до училиштата и градинките.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсенал нуди 30 милиони евра за Дијаз

Следно

Оливие Жиру ќе го продолжи договорот со Милан

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop