Блинкен: Решавачки момент за мировните преговори за Газа

August 19, 2024
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го определи најновиот дипломатски напор на Вашингтон за постигнување примирје во Газа како „можеби најдобрата, а можеби и последната можност“ за мир и ги повика сите страни да го доведат договорот до успешен крај.

Преговорите за примирје се водат веќе неколку месеци и ќе продолжат оваа недела во Каиро, по дводневната средба во Доха минатата недела.

Блинкен ќе го засили дипломатскиот притисок за постигнување пробив во преговорите подоцна оваа недела, откако САД минатата недела предложија компромисни решенија кои посредничките земји веруваат дека ќе ги доближат ставовите на завојуваните страни.

– Ова е решавачки момент, можеби најдобрата, а можеби и последната можност да ги вратиме заложниците дома, да постигнеме примирје и да ги поставиме сите на патот кон одржлив мир и безбедност, изјави Блинкен пред новинарите пред средбата со израелскиот претседател Исак Херцог.

– Тука сум како дел од интензивните дипломатски напори по наредба на претседателот Џо Бајден за да се обидам да постигнам договор. Време е сите да кажат „да“ и да не бараат изговори за „не“, додаде Блинкен.

Посредничките земји – Катар, САД и Египет – досега не успеале доволно да ги намалат разликите за да постигнат договор.

Часови по пристигнувањето на Блинкен, палестинското движење Хамас изјави дека го смета израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за одговорен за „неуспехот на напорите на посредниците“ и одложувањето на договорот.

Државниот секретар предупреди и дека не смее да се дозволи понатамошна ескалација на тензиите во регионот. „Време е исто така да се увериме дека никој не презема чекори кои би можеле да го нарушат овој процес и затоа работиме на тоа да нема ескалација, ниту провокации“, додаде тој.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун по нападот врз тимот на ТРТ во Газа: Израел ќе одговара за злосторствата

Следно

Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop