Битола е единственото место на светот за дружба и за дискуија за нашата работа, велат светските кинематографери

September 22, 2024
2 mins read

Кинематограферите велат дека е привилегија да се биде на „Браќа Манаки“: Битола е единственото место каде дискутираме за нашата работа и се дружиме

Првиот фестивалски ден на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ започна со прес конференции на Бруно Делбонел годинашниот лауреат на Златна камера 300 за животен опус, Дариа Д’Антонио, кинематограферката на „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино – филм со кој синоќа се отвори Фестивалот, Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер кој годинава ја доби наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и претставување на членовите на жиријата.

Делбонел денеска на средбата со новинарите проговори за значењето на наградата, дружењето со колегите кинематографери и значењето на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

-За мене сето ова е неверојатно, не сум замислувал никогаш вакво нешто пред се затоа што јас сум кинематографер и мислам дека не сум готов со она што го работам. Сите овие лауреати пред мене се неверојатни имиња и им се восхитувам, рече Делбонел.

Со присутните тој сподели искуство кое го имал со кинематограферот Ласло Ковач во Палм Спринг и Лос Анѓелес во САД и рече дека е неверојатно искуство кога кинематограферите се запознаваат и се дружат и разговараат.

-Не го запознав Свен Никвист, но Стораро и останатите лауреати на овој фестивал имаат одлични дела и едноставно ми е неверојатно, истакна Делбонел.

Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на Паоло Сорентино проговори за „Партенопе“. Таа втор пат е на „Браќа Манаки“, првиот пат беше со филмот „Раката на Господ“.

-Филмот говори за минатото и едно посебно навраќање на младоста. Со актерката имавме посебен однос. Таа беше прв пат на филм и имав некако заштитнички однос кон неа. Беше многу важно да имаме добра комуникација бидејќи беше некако ранлива. На сите локации им приоѓав со голема слобода и секоја од нив има симболика така што се обидував да го склопам сето тоа заедно. Тоа е мој град и не беше воопшто лесно да покажам поинаква перспектива, рече Д’ Антонио.

Лауреатот на наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Димитар Грбевски на денешната средба со новинарите говореше за искуствата од работата со македонските режисери од сите генерации.

-Оваа награда многу ми значи, со ова се заокружува целиот труд што сум го вложил во животот. Уште сум активен, работам со студентите кои се веќе дипломирани и се консултираат. Многу генерации завршија филмска монтажа и работат не само во Македонија туку и во странство, меѓу нив и продуцентот на „Медена земја“ кој беше претставник за Оскар, рече Грбевски и раскажа за искуството од Холивуд, кога бил заедно со екипата која работела на филмот „ДАЕ“ на Столе Попов, кој беше кандидат за Оскар.

Жирито на официјалната селекција на Златна камера 300 го сочинуваат Џон Сил, претседател, Ањес Годар, Џевахир Шакин, Биргит Гудјонсдотир и Владимир Блажевски; во жири за Европска ло-кап програма и документарна програма членови се: Куршат Уресин, Јани Петери Паси и Нурија Ролдос и членови во жири за кратка и студентска програма се: Ненси Шрајбер, Уна Менгес и Ѓорѓи Клинчаров.

Тие денеска пред новинарите рекоа дека е голема чест, но и голем предизвик да се одлучува за филмовите на ИФФК „Браќа Манаки“.

-Се соочуваме со одлични дела, фасцинантни филмови и голема чест е да се биде член на жири. Но, најдобро нешто во сево ова е што имаме можност да се дружиме со кинематографери и да разговараме. Ние најголемиот дел од времето работиме, а благодарение на овој Фестивал, Битола е место каде дискутираме за нашата работа и привилегија е да се биде овде, беше речено на прес конференцијата.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судир меѓу Мицкоски и Меџити: Законот за бранителите ќе остане заглавен или ќе ја добие ветената поддршка на премиерот

Следно

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го потресе Иран

Latest from Blog

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирањето на УЛИЦА 1, главната артерија во Визбегово

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска ја започна реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти во населбата Визбегово, со што започна целосната реконструкција на УЛИЦАТА 1, една од главните артерии што

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Претставници од 175 земји се собраа во Бусан, Јужна Кореја, на петтата рунда преговори за меѓународен договор за намалување на пластичното загадување на планетата. Сепак, тврдоглавите поделби не влеваат оптимизам за можноста

Почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј

По кусо боледување денеска на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде

Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги осуди постапките на израелската Влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост, јавува Анадолу. „Побеснетата Влада на (Бенјамин) Нетанјаху брутално
Go toTop