Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи

October 6, 2023
1 min read

реклама

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека граѓаните најмногу реагираат за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто за 10 прехранбени производи од вкупно 2.000 групи на производи кои се опфатени со одлуката и вели дека нема никаков проблем Владата уште на наредната седница во вторник да направи измена на одлуката за тие производи. 

-Има одредена реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме таа листа на продуктите веќе во вторник кога имаме закажана седница на Влада може да се ревидира одлуката. Но, сметам дека досега реакциите се од прилика за 10 до 15 продукти, не гледам голем проблем за 10-ина продукти да има корекција, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.  

реклама

Знам, посочи, дека граѓаните имаат навики на храна, но одредени продукти ако во овој момент ги сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто оставаме простор да се ревидираат ако се дел од секојдневната исхрана на граѓаните. 

-Навистина не влегуваме во дефинирање што е луксуз, за кого е луксуз. Може да е пропуст во еден момент, може да не е. Од реакциите што ги гледам од вчера граѓаните најчесто реагираат за 10 производи од 2.000 групи на производи коишто се опфатени со одлуката. Затоа сметам дека за 10 производи нема никаков проблем да направиме измена на одлука, рече Битиќи.  

реклама

Не е вистина, додаде, дека има зголемување на цена за илјада производи и тоа го кажувам и цврсто стојам на тоа затоа што се опфатени 358 категории на производи. 

-Дел од нив се опфатени со мерките за намалување на цените и без разлика што има зголемена даночна стапка кај одредени производи ќе останат на истата референтна цена која што спаѓа под одлуката така што нема да биде толкаво покачувањето. Врз основа на она што наслушнав досега има три одлуки на одредени производители со иста цена да останат продуктите коишто се со ревидирана цена, дел се зголемуваат. Ги поттикнувам сите стопански комори, сите производители, па и граѓаните до соодветните институции да пратат предлози за кои производи да испаднат во предлог-одлуката за изменување на стапката на ДДВ и соодветно ќе го направиме тоа, прецизира Битиќи.

реклама

Посочи дека константно се носат мерки за да се ублажи инфлацијата, која, како што кажа има тренд на намалување и до крај на годината ќе стигне на ниво од 5 отсто.

-Јас би сакал таа да е на ниво на нула отсто, но тоа не е возможно затоа што во еврозоната инфлацијата е скоро на иста стапка како и во Северна Македонија, потенцира Битиќи. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Растат реакциите за француската забрана за носењето шамија на Олимписките игри

Следно

Османи: Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешни реформи

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop