Растат реакциите за француската забрана за носењето шамија на Олимписките игри

2 mins read

ПАРИЗ (АА) – ЕСРА ТАШКИН –

Француската кошаркарка Салимата Сила, која носи шамија, одговори на забраната за учество на националните спортисти што носат шамии на Олимписките игри во Париз во 2024 година и рече дека е тажно и понижувачки да се биде роден во земја што не те сака, јавува Анадолу.

Во Франција, каде што верските и државните работи се извршуваат одделно од 1905 година, јавните службеници не може да носат верски симболи, како што се „шамии и големи синџирчиња со крстови“ врз основа на „неутралност“. Иста забрана важи за учениците од државните училишта, освен за универзитетите, од 2004 година.

Во последните години оваа забрана почна да се применува и за спортистите, што предизвика контроверзии. Додека некои во земјата сакаат на спортистите да им се забрани носењето верски обележја на натпревари, други тврдат дека со оваа забрана ќе биде лишен спортот, особено за муслиманките.

Меѓу оние што го кренаа гласот против забраната е и 26-годишната француска кошаркарка Салимата Сила, позната по прекарот „Сали“, на која поради шамијата од јануари ѝ е забранет настап на официјалните натпревари во својата земја.

Оценувајќи ја забраната за носење шамии за француските спортистки на Олимписките игри, Сила за Анадолу изјави дека кошарка тренира од својата 11-та година и дека „се заљубила во нејзината енергија“.

Наведувајќи дека „не е многу изненадена“ од најавата на министерката за спорт дека шамиите ќе бидат забранети за француските спортистки на Олимписките игри, Сила објасни дека спортистките не можат да играат на натпреварите на сите нивоа со спортски шамии.

„Од почетокот не сакаа да играме“, рече Сила, изразувајќи жалење поради изјавите на министерката за спорт Амели Оудеа-Кастера.

Истакнувајќи дека Олимписките игри се најочекуван спортски настан во светот, Сила рече:

„Можеби тоа е настан што веќе нема да го видиме во Франција.“

Таа потсети дека Олимписките игри се одржани во Франција пред еден век.

„Франција не сака да имаме каква било корист од овој спортски настан“, рече Сила и додаде:

„Многу е тажно да се види дека сме отфрлени како млади муслиманки. Тажно и понижувачко е да се види дека сме родени во земја што не нѐ сака.“

Истакнувајќи дека е родена во Франција и дека нејзините родители работеле во оваа земја, Сила додаде:

„Тие не го сакаат тоа што сме ние. Мислам дека тоа е многу тажно. Спортот е област во која треба да прифатиме сѐ.“

Таа подвлече дека во спортот не би требало да постојат дискусии врз основа на вера и боја на кожа.

Оценувајќи ја изјавата на Обединетите нации (ОН) во врска со забраната за носење шамии на француските спортистки, Сила рече дека е многу среќна што гледа дека конечно постои одредена поддршка во реакцијата на ОН.

„Оваа поддршка од ОН нѐ тера да мислиме дека сè уште имаме надеж, дека не треба да се откажуваме, дека се бориме за нешто благородно и за човеково право“, истакна Сила, напоменувајќи дека мора да се борат за да се занимаваат со спорт во својата земја.

Младата кошаркарка го постави прашањето:

„Зошто ние сме единствена земја што толку многу се фокусира на муслиманките и на исламот воопшто?“

– Забраната за носење шамија во спортот –

Државниот совет на 29 јуни одобри забрана за носење шамии на фудбалерките на натпреварите во рамките на Француската фудбалска федерација, додека ракометарките на натпреварите на Францускиот ракометен сојуз може да учествуваат со шамија.

Француската министерка за спорт, Амели Оудеа-Кастера, на 24 септември објави дека ниту една жена во делегацијата на нејзината земја нема да може да носи шамија за време на Олимписките игри во Париз 2024 година. Така повторно започнаа расправите „Треба ли да се дозволат марами во спортот?“

– ОН не ја сметаат забраната за правична –

Марта Хуртадо, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОН), на 29 септември изјави дека не ја смета за примерна забраната француските спортистки да носат шамии на Олимписките игри.

Од Канцеларијата за човекови права порачуваат дека гледано генерално, никој не смее да ѝ наметнува на жената што треба или што не треба да носи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

(ВИДЕО) Гир: Ги славиме Рацин, Шопов, Стефановски – Делегацијата на ЕУ е најголем поддржувач на македонскиот јазик

Следно

Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи

Latest from Blog