Screenshot

Binance: Заедницата како срце на глобалниот крипто-екосистем

October 8, 2025
1 min read

Кога ќе се каже  „Binance“, најчесто се помислува на графикони, берзански податоци и напредни технолошки решенија. Но, зад оваа глобална платформа стои нешто многу поважно – нејзината заедница. Токму луѓето кои секојдневно комуницираат, споделуваат совети и учат едни од други, се најголемата движечка сила на екосистемот.

Binance заедницата ги обединува милионите корисници ширум светот преку Discord, Telegram, WhatsApp и други локални групи. Според анкетата што ја спроведе компанијата меѓу над 100.000 корисници, заедницата е една од главните причини зошто луѓето го избираат Binance како своја примарна платформа.

„Нашата заедница не е публика, туку партнер,“ наведува Binance во објавата.

„Секој член придонесува за подобро искуство за сите – од предлози за нови функции, до помош на новите корисници кои сега започнуваат да го користат криптото“, додаваат од Binance.

Binance Angels – волонтери кои го чуваат духот на заедницата

Посебна улога во екосистемот имаат Binance Angels – волонтери кои ја одржуваат позитивната и безбедна атмосфера во каналите, модерираат дискусии и ги едуцираат новите членови. Моментално има повеќе од 400 Angels од 75 земји, кои заедно администрираат над 60 официјални Telegram групи со повеќе 1,5 милиони членови.

Во една од објавите, еден член на Binance Angel вели:

„На Телеграм нема официјална Binance поддршка. Ако некој ви испрати приватна порака, во 99% од случаите тоа е измама“.

Овој совет се смета за златно правило во заедницата и е дел од постојаните напори на Binance да ја заштити својата корисничка база од лажни профили и фишинг напади.

Binance редовно објавува едукативни статии за тоа како да се препознаат измами и како да се верификуваат вистинските „Angels“, кои секогаш имаат официјална ознака Binance Angel покрај своето име.

Каналите што ги поврзуваат милионите корисници

За сите што сакаат да бидат дел од Binance заедницата, компанијата ги нуди следниве официјални канали:

Telegram канал за новости: @binance_announcements

Главен канал за разговор и заедница: @binanceexchange

WhatsApp канал со вести и ажурирања: Binance WhatsApp Updates

Листата на сите локални заедници е достапна на binance.com/community.

Заедницата како инспирација

Многу Binance Angels започнале како обични ентузијасти. Во објавата „Како да станете Binance Angels” се наведува:

„Да бидеш Binance Angel не е само статус. Тоа е можност да се поврзеш со луѓе со иста визија и да растеш заедно, истражувајќи го возбудливиот свет на криптовалутите“.

Покрај онлајн ангажманот, Angels организираат локални настани, средби и едукативни работилници кои ја приближуваат крипто-технологијата до пошироката јавност.

Во време кога технологијата често знае да делува студено и апстрактно, Binance докажува дека човечкиот фактор – ентузијазмот, меѓусебната помош и искрената љубопитност се клуч за траен успех во крипто-светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светската банка ја намали прогнозата за економски раст на Украина во 2026 година на два проценти

Следно

Хрватска доби ДВЕ ОПОМЕНИ од Европската комисија

Latest from Blog

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Минималната плата од 600 евра е реална потреба на работниците и произлегува од вредноста на синдикалната кошница, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во дебатата „Топ Тема“.
Go toTop