Билд: Италија се подготвува за можно повлекување на војската на САД од Косово

February 20, 2025
1 min read

Германскиот весник „Билд“ пишува дека во голем дел од Европа постои загриженост за американско-руските преговори и можно е американската војска да се повлече од Косово.

Според анонимни извори на „Билд“, Италија се подготвува за можно повлекување на војската на САД од Косово.

„Европските сојузници тогаш би останале сами на Балканот против пријателот на Путин, Александар Вучиќ и неговата моќна српска војска“, се наведува во написот на германскиот весник.

Покрај тоа, „Билд“ пишува дека западните безбедносни служби и политичари стравуваат оти американско-руските преговори би можеле да доведат до повлекување на американските војници од голем дел од Европа.

Анонимен безбедносен извор од Источна Европа за „Билд“ изјавил: „Според информациите кои ги имаме, станува збор за барањата на Путин од 2021 година, т.е. повлекување на американските трупи од сите земји-членки на НАТО кои се приклучија на Северноатлантската алијанса по 1990 година“.

Најлошото можно сценарио од кое експертите најмногу стравуваат е руска инвазија на поранешните советски републики Естонија, Летонија и Литванија, како и сеопфатна војна со Полска.

Поранешниот министер за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис напиша на социјалната мрежа Х: „Лавров бараше НАТО да се врати во рамките од 1997 година и да се повлече од сите земји освен од Источна Германија во интерес на стабилноста на Европа. Па зошто Путин не би го побарал истото во Ријад?“.

Според информациите на „Билд“, во моментов Русија и САД не преговараат единствено за американските бази во Рамштајн, Германија и воздухопловната база во Велика Британија.

„Останатиот дел од Европа мора да се подготви за значителни промени ако Трамп и Путин постигнат договор“, се вели во написот на германскиот весник.

Американската база Бондстил се наоѓа во близина на градот Урошевац (Ферижај) во источниот дел на Косово. Бондстил е најголемата и најскапата воена база изградена од САД во Европа по Виетнамската војна. Таму се стационирани приближно 7.000 војници и цивили кои се дел од мировните сили на НАТО на Косово (КФОР).

Косово прогласи независност во 2008 година, а Македонија го има признаено како независна држава.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вонредна состојба во Република Српска

Следно

Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop