„Безбеден град“ стартува во 2026 година: Паметните камери ќе ги следат прекршоците

February 22, 2025
1 min read

Системот „Безбеден град“ ќе започне со функционирање наредната година, а првите казни ќе се изрекуваат од 1 јануари 2026 година. Пред тоа, возачите ќе добиваат предупредувања за направените прекршоци. Како дел од системот, специјални возила опремени со паметни камери ќе регистрираат неправилно паркирани возила на одредени сообраќајници и улици.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), за имплементација на системот потребни се измени во пет закони: Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Работната група работи на предлог-измените, а првичните верзии на законите ќе бидат подготвени до крајот на март. Во април се очекува да влезат во владина процедура, а потоа и во Собранието.

Паметните камери веднаш ќе ги обработуваат податоците и ќе ги процесуираат прекршоците преку автоматизиран систем. Овој процес ќе биде транспарентен, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Дополнително, во тек е анализа за соодветна законска регулатива за електричните тротинети и велосипедите.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, нагласи дека системот „Безбеден град“ е во согласност со целите за одржлив развој на ОН, чија цел е да се преполови бројот на смртни случаи и повреди во сообраќајот до 2030 година. Тој посочи дека соработката со Владата и релевантните институции треба да помогне во намалувањето на сообраќајните несреќи, кои се над европскиот просек.

Имплементацијата на „Безбеден град“ следува по масовните граѓански протести под мотото „Кој е следен“, иницирани по трагичната сообраќајна несреќа во која загина 22-годишната студентка Фросина Кулакова на 29 јануари годинава.

Според податоците на МВР, во последните десет дена е забележан зголемен број на санкции, додека бројот на сообраќајни несреќи е намален за 30%, а несреќите со жртви за 60%. Од 1 до 20 февруари, полицијата издала 18.132 платни налози за прекршоци поврзани со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Најчести прекршоци се пречекорување на брзината (6.056 случаи), непрописно паркирање (4.213 случаи) и возење без возачка дозвола (1.510 случаи).

Овие бројки покажуваат двојно зголемување на прекршоците во однос на минатата година. Додека во 2024 година во Скопје биле регистрирани околу 2.000 прекршоци во период од 10 дена, годинава тој број е околу 4.000. Зголеменото полициско присуство на терен значително придонесе за оваа статистика.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се крчка ли името на новиот јавен обвинител?

Следно

ВРЕДИ: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

Latest from Blog

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста

Руско беспилотно летало оштети станбена зграда во украинскиот град Одеса, пет лица се повредени

ОДЕСА (АА) – Најмалку пет лица, меѓу кои две деца, се повредени откако руско беспилотно летало погоди станбена зграда во Одеса рано утринава, соопштија локалните власти, јавува Анадолу. Олех Кипер, началник на

Приведен возач од Злетово – возел пијан и излетал од патот!

На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а
Go toTop