Бесими: За да се намали, неформалната економија треба да се направи неисплатлива

November 5, 2023
1 min read

реклама


Сивата економија годишно ја чини државата колку автопатските делници на Коридорот 8 или на Коридорот 10-д, четири клинички центри, или реизградба на сите училишни згради во земјава. Доколку целиот формален сектор се формализира нема да има потреба од задолжување за финансирање на буџетот. Оттаму, Владата стратегиски пристапува кон решавањето на овој горлив проблем преку петгодишната Стратегија за формализација на неформалната економија изработена од страна на Министерството за финансии. Предвидено е едновремено јакнење на системот за сузбивање на сивата економија, како и подигнување на даночниот морал и свеста на граѓаните, посочува во својата најнова колумна министерот за финaнсии, Фатмир Бесими.

„Неформалната економија е една од најголемите структурни пречки за конвергенција на земјите во развој со развиените економии. Тоа важи и за конвергенцијата на нашата економија со Европската Унија. Износот на даночните приходи со целосно формализирање на неформалниот сектор, без никаква промена во даночната политика, е еднаков на капиталните расходи во буџетот за годинава. Имено, иако е тешко да се измери, неформалната економија согласно одредени проценки изнесува околу 30% од бруто-домашниот производ на нашата земја. БДП за 2023 година е проценет на 14,4 милијарди евра, оттаму вредноста на неформалната економија би изнесувала околу 4,32 милијарди евра. Според груби пресметки, тоа значи дополнителни 795 милиони евра годишни приливи по основ на даночни приходи во буџетот“, посочува Бесими и додава дека повисоката застапеност на неформалната економија е каракетристична за земјите во развој, како и дека во просек кај земјите од нашето окружување сивата економија исто така се движи околу 30% од БДП.

реклама

Министерот за финансии истакнува дека за да се намали, неформалната економија треба да се направи неисплатлива, односно зголемување на ризикот од делување во неформалниот сектор и од друга страна преку зголемување на бенефициите во формалниот сектор.

„Нашата стратегија се темели на две главни области – првата е системот, а втората се граѓаните. Целта е да се изгради силен систем кој ќе се бори против сивата економија, а едновремено да се зајакне даночниот морал кај граѓаните и свеста дека со сузбивањето на сивата економија вложуваат во својата и подобрата иднина за своите деца“, посочува Бесими и наведува дека предвидени се мерки за изградба на институционална инфраструктура за детектирање, следење и давање насоки за адресирање на неформалните активности, меѓуинституционална соработка, обезбедување на статистички податоци и показатели за неформалната економија кои ќе се користат за редовно следење на сивата економија, како и дигитализација на процесите. Исто така, засилено се работи на унaпредување на регулаторната рамка особено во делот на работните односи. Бесими наведува и дека интензивно ќе се работи и на јакнењето на свеста за сивата економија, даночниот морал и довербата во институциите, а дел од активностите ќе се одвиваат преку веќе постоечката платформа vnesiboja.mk . “Се работи и на едукација на општата јавност преку различни алатки за разорното дејство на сивата економија. Во насока на јакнење на довербата на граѓаните и фирмите во институциите и понатаму ќе се јакне транспарентноста и отчетноста на институциите, но и предвидливоста во подготовката на законските решенија што е од особено значење за бизнис заедницата”, истакнува министерот Бесими.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски воздушен напад на Газа убиени 4 деца на камерманот на Агенција Анадолу

Следно

Поднесени четири кандидатури за претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop