Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

October 22, 2023
1 min read

реклама


Направен е значаен чекор напред на односите на Република Северна Македонија со Групацијата на Светската банка, со тоа што стана земја-контрибутор (донатор) кон Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Светската банка. Во фондот членуваат сите земји-членки на Светската банка, а самиот факт дека започнавме да придонесуваме во фондот, значи дека нашата економија постигнала повисок степен на развој, пишува во најновата колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими и истакнува дека сигналите кои ги даваат меѓународните финансиски институции за македонската економија преку есенските проекции, повикуваат на внимателност, но исто така тие очекуваат нашата економија допрва да се развива и да испорачува резултати.

-Создаваме економски раст во услови на економска стагнација кај нашите главни економски партнери, и кризи кои не стивнуваат. Водиме прудентна фискална политика со намалување на буџетскиот дефицит, а притоа се обезбедуваат средства за поддршка на најраливите категории на граѓани и стопанството преку поволни кредити погодени од кризите, заштита на стандардот на граѓаните преку растот на платите и пензиите при намалување на инфлацијата (инфлацијата од 19.8% во октомври 2022 година се сведе на 6,6% во септември 2023 година и истата ќе продолжи со надолен тренд и натаму). Продолжува да се намалува невработеноста и во февруари 2023 година се сведе на 13,1% и истата пред Ковид беше 17,3%, после Ковид продолжува и трендот на намалување на сиромаштијата. Инвестициите растат, и истите достигна ниво од 35% од БДП во 2022 година (што е повисоко од нивото пред Ковид, а во 2020 година се симнаа на 29%), од кои само странските инвестиции достигнаа ниво од 5,2% од БДП што е значајно зголемување три години по ред, односно 1,4% и 3,3% во 2020 година и 2021 година. Исто така, значаен придонес во расстот на инвестициите имаат и јавните инвестиции, кои се планираат оваа година на ниво од 5% од БДП што е двојно повеќе од поранечниот просек. Движењата во надворешната трговија во 2023 година придонесоа за намалување на трговскиот дефицит за 30% во однос на истиот период од 2022 година. Ваквите движења кои се резултат на економските политики и реформи придонесоа за подобрување и потоа одржување на кредитниот рејтинг на земјата во годините после Ковид кризата, истакнува Бесими.

реклама

Тој посочува дека ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава (од 1,4% на 2,5% раст на БДП во 2023 година) и покрај тоа што значително ја намали проекцијата за ЕУ и Германија, како наши трговски партнери, а исто така проспектите за раст на економијата се подобруваат на среден рок. Ова го покажува и Регионалниот економски извештај за Западен Балкан кој го објави деновиве Светската банка (на среден рок предвидуваат забрзување на економскиот раст), каде се посочува дека евроинтеграциите ќе го забрзаат реформскиот процес и ќе го зајакнат капацитетот за раст на домашната економија. Исто така, тие перспективите за раст ги базираат и на зголемените инвестиции и подобрување на инфраструктурата.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бериша: Обвинувањата против мене и семејството се неосновани, ниски удари на Рама за да се запре отпорот на опозицијата

Следно

Три од пет претстави се за возраст +16 – Тетово домаќин на Меѓународен театарски фестивал

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop