Беше најголема холивудска ѕвезда на 90- те, по 30 години се враќа и прв пат раскажува зошто заминала

August 23, 2025
1 min read

Алиша Силверстоун (48) стана глобална ѕвезда благодарение на култниот филм „Девојките од Беверли Хилс“ од 1995 година. Набрзо следеше улога во филмот „Бетмен и Робин“, а модните списанија ја прогласија за нова стилска икона.

Девојките сакаа да изгледаат како неа, фризерите низ целиот свет добиваа барања за „шишките на Алиша“, а младите мажи ја обожаваа. И додека се чинеше дека неограничена слава е пред неа – таа полека почна да се повлекува.

Повлекување од врвот

И покрај светската популарност, Алиша постепено исчезна од медиумите, а на крајот  заминала и од екранот. Денес, три децении подоцна, во пресрет на премиерата на новата серија „Ирска крв“, таа конечно одлучи да открие зошто си замина токму кога нејзиното име беше на врвот на сите топ листи.

– Бев во период кога ништо повеќе не беше забавно. Бев толку посветена на активизмот и пишувањето на моите книги „Добрата диета“ и „Добрата мама“. Потоа добив дете и станав целосно посветена мајка – изјави таа за Fox News Digital.

Од Холивуд до Африка

Во 2011 година, Алиша доби син, Бер Блу Џарецки, во бракот со музичарот Кристофер Џарецки, од кого подоцна се разведе. Тогаш, вели таа, нејзиниот живот тргна по нов пат.

Додека обожавателите чекаа нови филмови, таа откри нова љубов – театарот. Сцената ѝ овозможи поинтимен простор за глума, далеку од папараците и холивудската помпезност.

Покрај тоа, таа се посвети на активизмот: работеше во дождовните шуми на Перу, спасуваше слонови во Африка, а во исто време изгради кариера како авторка на книги за здравјето и природниот начин на живот.

Славата што ѝ беше премногу

Во интервју за „The Hollywood Reporter“, таа се отвори за притисокот што го доживеа со нејзината улога во „Beverly Hills Girls“:

– Беше многу комплицирано и не мислам дека знаев како да се справам со тоа: немав основа, немав алатки да се справам со тоа. Не бев подготвена и немав поим што се случува – не ми беше удобно со тоа.

Враќање на малите екрани

Денес, по 30 години, Силверстоун се враќа на улогите што ја направија позната. Покрај серијата „Irish Blood“, таа повторно ќе го игра својот најпознат лик – Шер Хоровиц – во продолжението на „Beverly Hills Girls“.

Новата верзија на серијата, зад која стојат авторите на „Gossip Girl“, Џош Шварц и Стефани Сејџ, ќе ја продолжи приказната таму каде што застана култниот филм, а Алиша покрај глумата ќе ја преземе и улогата на продуцент.

Така, по децении молк, нејзиното име повторно се враќа во холивудските приказни – но овој пат на начин што таа самата го избира.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скриена здравствена криза: Како да препознаете „прегорување“ на работа

Следно

Трипуновски: Заедно со општините работиме на развој на руралниот туризам

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop