Бензема на чекор до Левандовски во Лигата на шампиони

April 13, 2023
1 min read

Постигнувајќи го водечкиот гол синоќа за Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар против Челзи, Французинот Карим Бензема, дојде до бројката од 90 голови во Лигата на шампиони (ЛШ).

Реал пред 63.142 гледачи го совлада Челзи со 2-0, со головите на Бензема (21) и Марко Асенсио (74), додека со предност пред реваншот во Неапол се стекна и Милан, триумфирајќи 1-0 против Наполи на „Сан Сиро“ пред 74.742 гледачи со голот на Исмаел Бенасер (40).

На вечната листа на стрелци во ЛШ суверено води Португалецот Кристијано Роналдо, кој во елитното клупско натпреварување постигна 140 голови.

На второто место е Лионел Меси (129), а трет е полскиот голгетер Роберт Левандовски (91).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Општина Илинден подели 200 хуманитарни пакети на социјално загрозени граѓани

Следно

Протечени документи сугерираат на неубеденост на САД дека Украина брзо ќе ја победи Русија

Latest from Blog

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин
Go toTop