Белорускиот министер за одбрана: Очигледна можноста за директен воен судир со НАТО

August 15, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Белорускиот министер за одбрана, Виктор Хренин, денес изјави дека е очигледна можноста за директен воен судир со НАТО во иднина, јавува Анадолу.

Говорејќи на Московската конференција за меѓународна безбедност, Хренин истакна дека Западот во последно време активно инвестира во производството на оружје, и дека „во капиталистичкиот свет“ никој не троши пари ако не очекува профит.

„Затоа, заклучокот е недвосмислен: можноста за директен воен судир со НАТО во иднина станува многу очигледна“, нагласи тој.

Белорускиот министер рече дека единственото нешто што ги спречува западните сили да не започнат војна од големи размери е заканата од нуклеарен одговор на нивните дејствија.

„Не е случајно што Република Белорусија го смета враќањето на тактичкото нуклеарно оружје на своја територија како ефикасен фактор на стратешкото одвраќање“, нагласи тој.

Кон крајот на мај, министрите за одбрана на Русија и Белорусија потпишаа договор за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека потегот е одговор на зголемените безбедносни ризици, нагласувајќи дека Москва ги следи САД, кои го распоредија своето тактичко нуклеарно оружје во европските земји.

Белорусија е сојузник на Русија, која започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година. Западот го поддржа Киев обезбедувајќи економска, воена, како и хуманитарна помош, но се воздржа од директно влегување во конфликтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на руската одбрана ја пофали Кина како „стратешки партнер, добар сосед и лојален пријател“

Следно

Победивме ама можеме да играме подобро

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop