Белата куќа не кажува кога тенковите „абрамс“ ќе пристигнат во Украина, вели ќе бидат потребни неколку месеци

January 27, 2023
2 mins read

И покрај инсистирањето на репортерката на Си-ен-ен, портпаролот на Пентагон одби да каже дали тенковите „абрамс“ ќе пристигнат на боиштата во Украина до крајот на 2023 година

Ќе бидат потребни повеќе месеци додека тенковите „абрамс“ да стапнат на украинска територија, изјави за Си-ен-ен портпаролот на советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, одговарајќи на прашање во врска со најавената помош за Украина од страна на САД.

Кирби, и покрај неодредената временска рамка за испорака, рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „нема да губи време“ во однос на обезбедувањето обука и зајакнување на синџирите на снабдување за да се осигури дека украинските сили се добро опремени да ги користат тенковите кога ќе пристигнат таму.

Портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби/Фото: Архива

И покрај инсистирањето на репортерката на Си-ен-ен, портпаролот одби да каже дали тенковите „абрамс“ ќе пристигнат на фронтовите во Украина до крајот на 2023 година.

„Не сакам да бидам премногу конкретен бидејќи сè уште работиме на плановите, но ќе поминат многу месеци“,

рече Кирби, притоа додавајќи дека во меѓувреме на терен во Украина ќе пристигнат германските тенкови „леопард“.

Кирби, исто така, беше резервиран и во одговорите на прашањето дали американскиот претседател Џо Бајден размислува за патување во регионот како своевидно одбележување на една година од руската инвазија.

Во врска со ова тој наведе дека Бајден е „во близок контакт со претседателот Зеленски и дека тие зборуваат доста често“.

„Мислам дека, знаете, претседателот сигурно, во соодветно време, би бил подготвен да патува во Украина. Но, ние не сме во тој момент сега“,

рече тој.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата оваа недела најави дека САД ќе испратат 31 тенк „абрамс“ во Украина.

Бајден нагласи дека оваа бројка е еквивалентна на еден украински баталјон.

Одлуката на американската администрација следеше веднаш откако Берлин објави дека одлучил да испрати 14 тенкови „леопард“ за украинските сили и да им дозволи реекспорт на овој тип тенкови и на земјите кои ги поседуваат во својот воен арсенал, пред сè Полска.

Бајден изјави дека пред да се донесе одлуката за поддршка на Украина разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Тенковите „абрамс“, како што посочи американскиот претседател, се најспособните тенкови во светот, но и исклучително сложени за ракување и одржување.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак денеска на својот канал на Телеграм објави дека покрај најавените тенкови „леопард 2“, Полска во блиска иднина во Украина ќе испрати уште 60 модернизирани тенка, меѓу кои се и полските тенкови „ПТ-91 тварди“.

Во интервју за канадскиот ТВ-канал Си-ти-ви њуз, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека 30 од тие 60 тенка ќе бидат модели „ПТ-91 тварди“, додека преостанатите 30 треба да бидат модернизирани верзии на советските тенкови Т-72.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Град Скопје и годинава со финансиска поддршка на дневните центри при Црвен крст

Следно

Несоница довела до оставката на папата Бенедикт во 2013 година

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop