Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан за 24 до 48 часа

April 28, 2023
1 min read

Ситуацијата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците треба да ја напуштат земјата во следните 24 до 48 часа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„САД се длабоко загрижени поради вчерашната ескалација на прекинот на огнот во Судан, а Стејт департментот за таа цел распореди дополнителен конзуларен персонал“, рече таа.

-Ситуацијата може да се влоши во секој момент, изјави Жан-Пјер.

Та додаде дека САД работат на создавањето повеќе опции за американските граѓани поедноставно да го напуштат Судан.

-САД упатија бродови во регионот за да ја обезбедат сета потребна поддршка долж суданскиот брег, рече таа.

Портпаролката нагласи дека секоја „опција носи ризик. Но, се чини дека ситуацијата нема да се подобри и затоа ги повикуваме Американците кои сакаат да заминат да посегнат по една од опциите во следните 24 до 48 часа“.

Жан-Пјер изјавата ја даде непосредно откако паравоените сили се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа кога претходниот прекин на огнот договорен со суданската армија, што сè уште се прекршува, истекува на полноќ.

Во конфликтот за стекнување превласт меѓу редовната суданска армија и ривалските Сили за брза поддршка (РСФ), што вчера влезе во својот 13-ти ден, досега се убиени стотици лица, а се заканува да го дестабилизира поширокиот регион.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсен шефот на најмоќната и најбогатата италијанска мафија, пет години беше во бегство

Следно

ПЕТ ГОДИНИ СОБИРАМ СИЛИ ДА ЗБОРУВАМ ЗА ГОРАН, РЕЧЕ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ЕМОТИВНИОТ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА БРАТ МУ ВО РОДНАТА БИТОЛА

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop