Бектеши: Македонија има најниски цени на храна и гориво

May 8, 2023
3 mins read

Ако во текот на овој месец добиеме податоци дека производителите и трговците не ги почитуваат мерките што ги има донесено Владата за замрзнување на цените, секако дека тие мерки ќе продолжат, а може да бидат и построги, вели министерот за економија

Бектеши најавува дека контролите на замрзнатите цени ќе продолжат, а нерегистрираните пазарџии ќе бидат сто отсто контролирани почнувајќи од Струмица, па сè до Струга

Мерките дадоа резултат, трендот на намалување на инфлацијата продолжува и Северна Македонија има најниски цени на храна и нафтени деривати во регионот, се пофали министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Сите досегашни мерки, иако се административни и не баш популарни, дадоа сериозен ефект врз ублажување на економско-енергетската криза. Ние не сме за носење вакви административни мерки, но нема да дозволиме товарот од целата криза да биде на потрошувачите“,

рече Бектеши.

Бектеши рече дека последните податоци на Државниот завод за статистика за трошоците на живот и цените на мало во април ги потврдуваат заложбите на Владата и на Министерството за економија во делот на мерки за справување со инфлацијата, посебно кај цените на основните прехранбени производи.

„Мерките дадоа резултат. Северна Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што ние можеме да имаме влијание согласно различни мерки. Во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври, кога почна ценовниот шок, намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“,

рече министерот.

Според Бектеши, ако се спореди со инфлацијата која беше измерена во октомври кога Владата почна да носи мерки за справување со ценовната криза, може да се види дека има намалување на инфлацијата за над седум отсто.

Бектеши смета дека овој тренд на намалување на инфлацијата ќе продолжи, а ако не се случи нешто непредвидливо, очекува во јуни таа да биде под пет отсто. 

„Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалаци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалаци“,

посочи Бектеши.

Министерството за економија, како што рече Бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и на мало, а паралелно со тоа не е укината ниедна мерка во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголемат продуктивноста, производството, но и конкурентноста.

„Ако во текот на овој месец добиеме податоци дека производителите и трговците не ги почитуваат мерките што ги има донесено Владата за замрзнување на цените, секако дека тие мерки ќе продолжат, а може да бидат и построги“,

најави Бектеши.

Но, според првичните податоци што ги имаат во Министерството за економија, Бектеши вели дека такво нешто нема да има и ќе продолжи трендот на намалување на цените.

Во однос на тоа дека дел од производите кои имаат замрзнати цени во одредени марките се уште ги нема, а на пазарите не се објавуваат цените и пазарџиите се жалат дека увозниците им даваат многу повисоки цени од оние што се замрзнати, министерот Бектеши најави дека контролите на замрзнатите цени ќе продолжат и во иднина.

„Денеска имав разговор со директорите на Државниот пазарен инспекторат и Финансиската полиција, а во текот на денот ќе имам средба и со директорката на Управата за јавни приходи. Имаме три кривични пријави поднесени од страна на Финансиската полиција за увозници на овошје и зеленчук, но имињата нема да ги кажам затоа што тоа е друга власт, тоа е работа на обвинителството и судството и веќе се доставени кривичните пријави до обвинителството. Имаме десетина прекршочни пријави од страна на ДПИ и УЈП. Контролите ќе продолжат, а граѓаните може да пријават ако има нерегуларности во овој дел. Нергистрираните пазарџии ќе бидат сто отсто контролирани почнувајќи од Струмица, па се до Струга. Ако сакаат да ризикуваат да им бидат одземени сите производи нека продолжат така, а инспекторите ќе ги контролираат и резултати секако дека ќе има“,

рече Бектеши повикувајќи ги инспекторатите како и досега да ја завршат својата работа, да ги контролираат мерките што ги носи Владата и да видат како се спроведуваат.

Министерот се согласува дека во изминатиот период е намалена цената на дизелот и на другите нафтени деривати и дека не е праведно истите високи цени на транспортот да се задржат.

„Министерството за економија нема никаква надлежност во делот на транспортерите, за тоа има Инспекторат кој е под надлежност на Владата, но во делот на креирање на политики е Министерството за транспорт и врски. Ги повикувам надлежните институции да ги разгледаат сите можности за тие цени да се намалат, иако логично е дека треба веднаш да има намалување на цените за транспорт имајќи ги предвид цените на нафтените деривати“,

рече Бектеши додавајќи дека овој ресор треба да дејствува исто како кога неговото министерство носело одлуки за замрзнување на цените на одредени цени кај прехранбените производи.

Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да одржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.

„Само од октомври 2022 година до крајот на април годинава имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава“,

рече Бектеши.

Според него, Владата почнува процес на консултации за дизајнирање нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории граѓани.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Франција одбележана годишнината од крајот на Втората светска војна

Следно

Чавушоглу: „Средбата за Сирија на ниво на шефови на држави најверојатно ќе се одржи оваа година“

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop