Барт Де Вевер доби мандат да почне преговори за формирање нова Влада на Белгија

July 10, 2024
2 mins read

Белгискиот крал Филип денеска на лидерот на националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер му додели мандат за започнување преговори за формирање нова Федерална влада на Белгија. 

Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ, со ова Н-ВА на Де Вевер ќе може да ги почне формалните преговори за формирање владина коалиција со фламанските партии Напред (Воројт) и Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонските Реформско движење (МР) и Посветени (ЛЕ). 

Ваквата одлука уследи откако на 27 јуни кралот Филип му довери задача на Де Вевер да се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нова Федерална влада. Крајниот рок за исполнување на оваа задача истекуваше денеска.  

Политичкиот аналитичар Иван Де Вадер за ВРТ изјави дека сега откако Де Вивер и формално го доби мандатот за преговори, петте партии можат да седнат на преговарачката маса и интензивно да разговараат. 

– Се уште има некои разлики што треба да се надминат, но барем ќе може да почнат интензивно да работат, истакна Де Вадер. 

Иако неговата партија победуваше и на претходи изборни циклуси, ова е првпат во 20-те години колку што е на чело на Н-ВА, Де Вевер да добие мандат за формирање Влада. Тој сега има рок до 24 јули да го извести кралот дали успеал да постигне договор за формирање владина коалиција. 

Лидерот на ЦДВ, Семи Махди за Радио 1 изјави дека не е нелогично Де Вевер како лидер на најголемата парламентарна партија да ја преземе одговорност да биде премиер. 

– Тој мора да покаже дека е премиер на целата земја, изјави Махди, додавајќи дека му е јасно оти во Валонија би можело да биде тешко да прифатат дека премиер станува некој чии ставови понекогаш се спротивни на визиите на франкофонската заедница, но дека мора да се работи сите да го прифатат тоа. 

Махди додаде и дека во преговорите за формирање на владата не треба се да се сведе само на усогласување на буџетот, бидејќи тоа не го решава проблемот.  

– Сакаме темелни, долгорочни реформи во областа на пензиите, пазарот на труд и оданочувањето. Во меѓувреме, убедени сме дека другите партии ќе ги почитуваат нашите приоритети, додаде Махди.  

Одлуката Де Вевер да добие мандат за формирање влада уследи откако лидерот на Воројт, Конер Русо вчера соопшти дека неговата партија се согласила да учествува во преговори со останатите четири партии за создавање владина коалиција. 

Според Русо, ваквата одлука следела по конструктивната атмосфера во досегашните разговори и добиените сигнали од потенцијалните коалициски партнери дека тоа „нема да биде десно центристичка влада, туку проект за социо-економско закрепнување на земјата“ 

– Ќе биде тешко, но ние сакаме тоа да се направи на правичен начин, додаде Русо. 

Коментирајќи го тоа што десничарот Де Вевер би станал белгиски премиер, Русо изјави дека лидерот на НВА веќе 20 години е „најмоќниот човек во Фландрија“ и има интелектуален капацитет за функцијата.  

Партијата на Де Вевер победи на изборите на 9 јуни, освојувајќи 24 пратенички места во 150-члениот Претставнички дом на белгискиот Федерален парламент.  

По изборите, Де Вевер изјави дека би сакал да биде нов белгиски премиер во влада која би ја сочинувале неговата Н-ВА, двете либерални партии – валонското Реформско движење (МР) и Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) и двете демохристијански партии – Христијански демократи и Фламанци  (ЦДВ) и валонската Посветени (ЛЕ). Но, по лошите изборни резултати Опен ВЛД на актуелниот белгиски премиер Александер Де Кро најави дека планира да премине во опозиција.   

Поради ова, Де Вевер се реши за коалиција составена од Н-ВА, МР, ЦДВ, ЛЕ и фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт), која има мнозинство и на федерално ниво, но и меѓу пратениците од двете јазични заедници – холандската (фламанската) и француската (валонската).  

Во Претставничкиот дом на Федералниот парламент, Н-ВА има 24 пратеници, екстремно десничарската Фламански избор (ВБ) и МР по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) 16, левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) 15, ЛЕ 14, Воројт 13 и ЦДВ 11 мандати. Опен ВЛД освои седум места, фламанските Зелени шест, валонската еколошка партија Еколо три и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) еден пратеник.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопска жега-тешко се живее на жешко

Следно

Мицотакис: Новата власт во Северна Македонија непотребно го комплицира европското обединување

Latest from Blog

Таравари официјално поднесе оставка од министерската функција: „Одлуката ја носам по внимателна и професионална проценка“

Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата министер за здравство до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за

Костадиновска-Стојчевска: Власта ја укинува независноста на Инспекторатот за македонски јазик

Со предложените измени и дополнувања на Законот за македонски јазик, владеачкото мнозинство ја укинува независноста и буџетската самостојност на Инспекторатот за македонски јазик, нашто што беше прифатено од широката расправа и од

Трамп: САД треба да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“

Претседателот Доналд Трамп изјави дека сака САД да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“, додека војната меѓу Израел и Хамас продолжува да беснее на палестинската територија. -Имам концепти

Меџити: Сите министерски позиции кои што ги има Алијанса за Албанците од крилото на Таравари ќе останат на Вреди

Сите министери позиции кои што ги има Алијанса за Албанците ќе останат на Влен и ќе ги дадеме на најдобрите луѓе кои ќе треба да влезат на тие позиции, кажа вицепремиерот Изет
Go toTop