Барселона обвинета за корупција

March 11, 2023
1 min read

Шпанското Јавно обвинителство изнесе три обвиненија на адреса на Фудбалскиот клуб Барселона кои вклучуваат корупција и несовесно работење, пренесува Би-Би-Си.

Ова доаѓа откако Обвинителството поведе истрага минатиот месец против Барселона по повод уплата на околу 1.4 милиони евра на фирма во сопственост на потпретседателот на Судиската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Хозе Марија Енрикес Негреиро.

„Фудбалскиот клуб Барселона одржувала строго доверлив устен договор со Хозе Марија Енрикес Негреиро што вклучувало, тој во својство на потпретседател на Техничкиот арбитражен комитет (ЦТА) и во замена за пари, да спроведува активности кои имаат за цел корист за ФК Бараселона при поедини судиски одлуки“, соопшти шпанското Јавно обвинителство.

Барселона, од своја страна, тврди дека плаќала за технички извештаи за судењата, но оти никогаш не се обиделе да влијаат врз одлука на арбитер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стоилковски: Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес?

Следно

Ли Чјианг е назначен за нов премиер на Кина

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop