Барса подигна кредит од 210 милиони евра за Алварез и Адејеми!

July 11, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barselona/X

Факт е дека Хоан Лапорта успеа да ја стабилизира Барселона, дури и до одреден степен да ја извлече од финансиската криза во која западна, но меѓу многу експерти и навивачи постои страв дека станува збор за популистички потези, кои само привремено ги решаваат проблемите.
Да се ​​потсетиме дека пред три години, Лапорта однапред продаде 25 проценти од ТВ правата на американска инвестициска компанија за период од 25 години, а беа склучени и разни кредитни аранжмани со светски банки. Благодарение на тие финансиски инјекции, клубот можеше да стане конкурентен на пазарот, да влезе во реконструкција на стадионот, но е далеку од тоа целосно да биде на нозе. Најдобар доказ за ова е подигањето нов заем од дури 210.000.000 евра.

Мундо депортиво“ пишува дека меѓународната агенција „Морнингстар ДБРС“ го потврди кредитниот рејтинг на Барселона, објаснувајќи дека тоа „ја зајакнува довербата во силата на бизнис моделот и финансиската стратегија на клубот“. Сепак, истата агенција веднаш го ревидираше економскиот статус на шпанскиот шампион од „позитивен“ на „стабилен“, наведувајќи го како главна причина отворањето на две нови кредитни линии.
Според истиот извор, првата транша од 105.000.000 евра ќе биде достапна веќе овој месец, додека втората треба да пристигне во ноември.
„Тој кредитен аранжман беше дизајниран да ја зајакне финансиската позиција на клубот за тековниот преоден рок“, наведува Мундо и подвлекува дека Барса, како кредитен гарант, повторно ветила приходи од идните ТВ права?!
Таа прва финансиска инјекција што ќе пристигне овој месец треба да послужи за исплата на отштета на Атлетико за Хулијан Алварез и на Борусија Дортмунд за Карим Адејеми. Исто така, дел од парите ќе бидат пренасочени за исплата на лични приходи на вработените.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Следно

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop