Балтичките земји и Полска бараат од НАТО да и го даде на Украина сето оружје што го бара

February 22, 2023
1 min read

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа најави дека на самитот на Букурешкиот формат( Б-9) каде се земјите од источното крило на НАТО, официјален Вилнус ќе побара од НАТО и САД на Украина да го испрати сето оружје што го бара, па и она што моментално е над црвената линија. Претседателот на Полска Анджеј Дуда рече дека, доколку е потребно, Полска ќе испрати и борбени авиони во Украина.

„Прво, да и го дадеме на Украина сето оружје што го бара. Сега. Нема црвени линии во тоа. Второ, мора да го зајакнеме источното крило на НАТО што е можно повеќе. Секој сантиметар од него“, напиша литванскиот претседател на социјалните мрежи. пред самитот во Варшава.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, во интервјуто кое вечерва во целост ќе го емитува американската ТВ станица Си-Ен-Ен, предупреди дека на Киев сега му треба оружје пред се и најави дека можеби Полска ќе испрати авиони.

– Доколку има таква потреба, ќе испратиме и борбени авиони. Прашањето е кога украинските пилоти ќе бидат подготвени да летаат со модерни авиони, на пример со авион Ф16. Обуката на пилотите е посложена и подолга од обуката за тенкови, рече Дуда.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е главен гостин на попладневниот самит на „Букурешт Девет“ во центарот на Варшава, за време на неговата дводневна посета беше пречекан со платена реклама во која Украинците го молат да испрати им авиони Ф-16.

Полска претходно се обиде да покрене иницијатива за снабдување на Украина со оружје што Западот не сака да и го даде, но набрзо ги услови своите најави дека ќе испрати, на пример, борбени авиони, со фактот дека тоа мора да биде одлука на НАТО и дека таа самоиницијативно не би праќала никакво оружје.

Шефовите на Влади или држави на Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Летонија, Литванија и Естонија денеска ќе разговараат со американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО за тоа како, пред сè, САД дополнително да го зајакнат сојузничкото источно крило кон границите со Русија.

Од Самитот на Букурешт Девет се очекува и заедничка декларација.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Вучиќ и Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел

Следно

Петрушевска: Дијаспората ќе расте затоа што македонскиот граѓани се иселуваат, во овие 6 години не видоа ништо од ветениот живот на СДСМ, дури и претседателот на државата би се иселил

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop