Бајкар: Успешно пробно лансирање на новата турска мини паметна крстосувачка ракета

June 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската компанија Бајкар изврши успешен тест на лансирање нова ракета, а се работи за паметната мини крстосувачка ракета БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ, јавува Анадолу.

Пробното лансирање на ракетата со мотор беше извршено во комплексот Кесан во Едрене, а Бајкар најави дека тоа е продолжение на успешната работа на полето на развој на нови технологии во областа на одбранбената индустрија.

Ракетата беше лансирана од беспилотното летало на Бајкар, Бајрактар ​​ТБ2, на 20 километри од предвидената цел што ја погоди.

КЕМАНКЕШ првпат беше претставена пред јавноста на неодамна одржаниот ТЕХНОФЕСТ во Истанбул, а таа е нов домашен турски производ од одбранбената индустрија.

Оваа паметна ракета е развиена за да ја зголеми офанзивната способност против стратегиски цели со беспилотното летало Бајрактар ТБ2, како и со сите други авиони на Бајкар.

Овој проектил постигна способност да ги нападне непријателските елементи од многу поголема далечина, дури и без да влезе во ризичната област. Тој е способен да нападне цел со обработка на снимки користејќи сопствен систем и вештачка интелигенција. Исто така, може да делува и во средини за електронско војување со сопствените GNSS системи против пречки (GNSS – Глобален сателитски систем за позиционирање).

Се очекува да биде во масовно производство до крајот на оваа година.

Вкупната тежина на КЕМАНКЕШ е 35 килограми, вклучително и боевата глава од шест килограми. Погонот на ракетата е млазен мотор, а максимален дострел ќе биде 250 километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со Договорот за жито преку Црното Море извезени скоро 32 милиони тони жито и прехранбени производи

Следно

Министрите за одбрана на членките на НАТО се подготвуваат за лидерскиот Самит во Вилнус

Latest from Blog

Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај
Go toTop