Бајден: САД нема да испратат борбени авиони Ф16 во Украина

January 30, 2023
1 min read

Вечерва за ова прашање зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека Вашингтон нема да испраќа борбени авиони Ф16 во Украина, пренесе Ројтерс.

Минатата недела западните медиуми објавија дека група воени претставници „тивко“ барале од Пентагон да испрати Ф16 во Киев.

Вечерва за ова прашање зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови.

„Условите се оваа опрема да не доведе до ескалација на тензијата или да се користи на руско тло, а се подразбира дека нејзиното испраќање нема да ги загрози капацитетите на француската армија“,

посочи Макрон на прес-конференција во Хаг, каде што се сретна со холандскиот премиер Марк Руте.

Тој исто така нагласи дека Украина мора да поднесе официјално барање.

САД ќе испратат тенкови М1 „абрамс“ во Украина за неколку недели.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна постапка за министерство за правда и Тупанчевски за не извршување на законски надлежности во врска со клубот „Ванчо Михајлов“

Следно

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ да се спротивстави на американскиот закон за намалување на инфлацијата

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop