Бајден: Постигнат е договор за зголемување на лимитот за задолжување, сега на ред е Конгресот

May 29, 2023
1 min read

Договорот за јавниот долг, кој ја спречува владата да прогласи банкрот, што би било првпат во американската историја, доаѓа по неколкунеделни преговори меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом

Американскиот претседател Џо Бајден потврди во неделата дека постигнал договор со претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, да го зголеми плафонот на долгот од 31,4 трилиони долари до 1 јануари 2025 година и дека Конгресот сега може да гласа за тоа.

„Ова е договор што е добра вест за американскиот народ“,

им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по разговорот со Мекарти за да ги изнесе последните детали од договорот.

Договорот за јавниот долг, кој ја спречува владата да прогласи банкрот, што би било првпат во американската историја, доаѓа по неколкунеделни преговори меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом.

Договорот сепак мора да помине низ поделеното тело пред 5 јуни, кога американското Министерство за финансии би објавило дека веќе нема пари.

„Силно ги повикувам двата дома да го прифатат договорот“,

рече Бајден.

Договорот беше критикуван од десничарските републиканци и левичарските демократи, но Мекарти претходно во неделата изјави дека верува дека ја има поддршката од повеќето републиканци.

Договорот ќе го суспендира лимитот на долгот до 1 јануари 2025 година, ќе ги ограничи државните трошоци во буџетите за 2024 и 2025 година, ќе ги врати неискористените средства наменети за борба против пандемијата, ќе го забрза издавањето дозволи за некои енергетски проекти и ќе воведе дополнителни работни обврски во социјалните програми.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп му честита на турскиот претседател Ердоган за „добро заслужената победа“

Следно

Скамака на местото на Влаховиќ во Јувентус

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop