Скамака на местото на Влаховиќ во Јувентус

1 min read

Јувентус поради неиграњето во Лигата на Шампионите ќе мора да продаде еден од највредните фудбалери на пазарот за да ја надополни финансиската загуба, а најблиску до заминување од „црно-белите“ е Душан Влаховиќ.

Српскиот голгетер не се снајде најдобро во тактичките замисли на Алегри, па иако дел од вината сигурно се бара и кај тренерот, се поизвесно е дека Јувентус ќе го продаде Влаховиќ додека тој се уште има значајна вредност на пазарот.

„Старата дама“ не планира да троши богатство на нов голгетер, туку вниманието го има насочено кон Џанлука Скамака. Овој голгетер делуваше импресивно во дресот на Сасуоло, минатото лето се пресели во Вест Хем, но не се снајде во Премиер-лигата и сега сака да се врати назад во татковината.

„Чеканите“ платија 36 милиони евра минатото лето, но подготвени се сега да разговараат и за позајмица, опција што му оди во прилог и на Јувентус.

Интерес за 24-годишниот Скамака во изминатите седмици искажа и Милан, но според италијанските медиуми Јувентус е клубот што е во водство во трката за потписот на овој одличен голгетер.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Бајден: Постигнат е договор за зголемување на лимитот за задолжување, сега на ред е Конгресот

Следно

Сирија: Израел истрела ракети во околината на Дамаск, ние ги соборивме

Latest from Blog