Бајден: Никогаш нашата слобода и демократија не биле во таква опасност во нашата земја како што се денес

March 8, 2024
1 min read

Последен говор за состојбата на нацијата на Џо Бајден во овој претседателски мандат. И овој пат Украина главна тема во обраќањето на претседатело на САД, а на удар се најде и Доналд Трамп.

Говорејќи на заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот, Бајден го започна своето обраќање со директно критикување на Трамп за неговиот повик до Путин да ги нападне земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана. Предупреди дека демократијата е загрозена а доколку Украина не доибие помош, тогаш на удар на русија ќе се најдат и другите европски држави.

„Мојот претходник, поранешен републикански претседател, му вели на рускиот претседател Владимир Путин, Прави што сакаш. Мислам дека тоа е безобразно, опасно и неприфатливо. Никогаш нашата слобода и демократија не биле во таква опасност во нашата земја како што се денес. Можам да ве уверам дека Путин нема да запре на Украина. Но, Украина може да го запре Путин ако ја поддржиме и и го обезбедиме оружјето што и е потребно за да се одбрани.“ – рече Бајден.

Во обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес, Бајден се осврна и на правата на абортусот, имигрантите и економијата, нешто што демократите го гледаат како главна можност за претседателот да добие поддршка за втор мандат.

Но не сите гледаат исто на пораките кои доаѓаат од САД. заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитри Медведев пак предупредува дека ваквите пораки кои доаѓаат од сад, само го туркаат светот кон бездна од која тешко ќе може да се врати. Обраќањето на Трамп го нарече срам за државата.

 

„Американскиот претседател Џо Бајден не требаше да го спомнува неговиот претходник Френклин Делано Рузвелт бидејќи тој, за разлика од Рузвелт, само ги срами САД. За разлика од Рузвелт, Бајден е луд, ментално нарушена личност, која е решена да го одвлече човештвото во пеколот. Покрај тоа, Рузвелт се бореше за мир со сојузниците, вклучително и СССР, а Бајден активно и упорно се обидува да почне трета светска војна.“ – изјави Дмитри Медведев заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија.

И од руската армија предупредуваат дека од ден на ден ситуацијата станува се поопасна и дека конфликтот во Украина може да прерасне во војна во Европа. Според генералот Владимир Зарудинцки, веројатноста руските сили да бидат вклучени во нов конфликт значително се зголемени во изминативе месеци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охрид, привлечен за 8 Март, во градот многу гостинки од Балканот

Следно

Собраниска седница со единствена точка на дневен ред – родовата еднаквост и унапредување на женските права

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop