Бајден изјави дека Израел ја зема предвид загриженоста на САД поради израелските напади врз Рафа

June 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел ја зел предвид загриженоста на Вашингтон поради израелските напади врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Бајден, кој ја посети Франција за 80-годишнината од истоварувањето во Нормандија, даде изјава за Еј-би-си њуз за нападите на Израел врз Палестина.

Бајден изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не ја игнорирал загриженоста на Вашингтон за нападите врз Рафа и рече: „Мислам дека ме слуша. Сакаа да влезат во Рафа со полна брзина, сакаа целосно да ја окупираат Рафа, да го заземат градот, тие не го направија тоа.“

Осврнувајќи се на предлогот за трифазен прекин на огнот за Газа, Бајден рече дека Израел го прифатил важниот договор и дека Нетанјаху јавно ја изразил својата поддршка за предлогот.

Бајден изјави дека и Хамас треба да го прифати предлогот и наведе дека нацрт-примирјето го поддржува речиси целиот арапски свет.

„Мора да воспоставиме прекин на огнот“, рече Бајден.

На прес-конференцијата одржана во Белата куќа на 31 мај американскиот претседател Џо Бајден објави дека Израел дал нов предлог во врска со прекинот на огнот и заробениците во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Важна информација за сите кои идната недела ќе одат во Грција: Ако добиете ваква порака, не ја игнорирајте

Следно

Новата учебна година со старите проблеми со учебниците

Latest from Blog

Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година

Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања“, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат. „Контакт со нова цивилизација“ Нејзините „визии“ за следната година повторно се ажурирани, а најшокантна е онаа

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски
Go toTop