Бајден ги предупреди Американците за ураганот Милтон кој може да стане бура на столетието

October 9, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска предупреди дека ураганот Милтон може да стане „бура на столетието“ и ги повика жителите на Флорида да ги почитуваат наредбите за евакуација, јавува Анадолу.

„Изгледа дека тоа ќе биде бура на столетието. Многу заедници кои живеат во областите низ кое се движи ураганот Милтон немаат ниту момент за одмор меѓу ураганите Хелена и Милтон, две историски бури за само две недели“, истакна американскиот претседател.

Бајден ги повика сите што живеат во областите каде што ќе се движи невремето да ги следат сите инструкции во следните 24 часа и додаде дека „тоа буквално е прашање на живот и смрт“.

Американскиот претседател ги осуди дезинформациите што се шират на интернет за невремето, нарекувајќи ги „непромислени, неодговорни и безмилосни“.

„Тоа ја поткопува довербата во неверојатната работа за спасување и закрепнување којашто веќе е преземена и којашто ќе продолжи. Тоа е штетно за оние на кои им е најпотребна помош. Едноставно нема место за тоа“, рече Бајден, осврнувајќи се на изјавите на републиканската претставничка Марџори Тејлор-Грин која на платформата Х напиша дека бурата е вештачки произведена, тврдејќи дека „климатските промени се новиот Ковид“.

Милтон моментално е застрашувачки силен ураган од четврта категорија што може да го зафати брегот на Флорида во доцните часови во среда или четврток наутро. Се очекува овој ураган да ја зафати централна и северна Флорида.

Американските власти веќе издадоа предупредување до 5,5 милиони луѓе да се евакуираат од западниот брег на Флорида додека државата се подготвува за најголемата операција за евакуација и спасување во својата историја.

Бурата носи постојани ветрови со брзина до 230 километри на час, а метеоролозите предупредија дека не е можно да се утврди точната област од копното ураганот Милтон ќе ја зафати.

Предупредувањата од удари на бура се во сила за речиси целиот западен брег на Флорида, од јужниот дел на државата до Јенкитаун. Оваа област вклучува неколку големи населени центри, вклучувајќи го и заливот Тампа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето во наредните денови

Следно

Адеми: Одлуката за укинување на балансерот е неуставна

Latest from Blog

374 НВО реаграа на протерувањто на активистите од Србија меѓу нив и македонката Ирена Росо

374 граѓански организации од 27 земји реагираа поради протетрувањето на 13 странски државјани од Србија меѓу кои е и македонската државјанка Ирена Росо, затоа што властите оцение дека се „безбедносен ризик“ за

Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги поддржува Палестинците во пресрет на месецот Рамазан

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије ќе продолжи со својата поддршка за Палестинците пред претстојниот свет муслимански месец Рамазан, со продолжување на активностите како и во изминатите 15 месеци, рече денес турскиот претседател Реџеп

Медисон Кис го освои Австралија опен

Американката Медисон Кис го освои женското првенство во тенис на Австралија опен. Кис ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со 6:3, 2:6, 7:5 во последниот меч на турнирот и ја освои својата прва

Шефот на руското разузнавање подготвен за разговори со шефот на ЦИА

МОСКВА (АА) – Шефот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, денес изрази подготвеност да се сретне со Џон Ретклиф, новиот директор на американската ЦИА, доколку САД изразат интерес за

Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

Честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук профил. „Американското катче е можност, пред сè, младите луѓе да бидат во
Go toTop