Бајден би бескрајно да помага, ама Американците не му даваат

March 3, 2023
2 mins read

Проблемот со поддршката е што во исто време ем таа опаѓа, ем двајцата водечки републикански претседателски кандидати се повеќе зборуваат против американската вмешаност во војната.

Севкупно поддршката за американската помош е падната од 60% минатиот мај на 48 проценти, додека бројот на Американци кои сметаат дека САД премногу и дале на Украина пораснал од 7% пред една година на 26 проценти во февруари.

„Дури и поддршката што ја има не е безгранична. Иако 50% од анкетираните од Фокс њуз изјавиле дека американската поддршка треба да продолжи ‘се до победа’, 46% изјавиле дека поддршката треба да продолжи но со јасна временска рамка,“ пренесува Њујорк тајмс.

Аналитичарите објаснуваат дека ова е вообичаена траекторија за секоја воена интервенција, кога во првите неколку месеци јавноста дава масовна поддршка, за потоа со тек на време да се замори со проблемот, плус во случајот со Украина е многу потешко војната да се сфати како директна закана по Американците, па поддршката полека ја снемува.

Тоа што оди во корист на Бајден е дека расте бројот на Американци кои даваат поддршка на начинот на кој американскиот претседател се справува со војната, која моментално изнесува 48% во споредба со 40-те проценти од август годинава.

Истовремено Бајден се обидува критиката за поддршката на Украина да ја препише само на „МАГА републиканците“ кои според него не разбираат дека САД ќе треба многу повеќе да платат ако ја напуштат Украина отколку ако и помагаат. Од друга страна Бајден трпи критики од дел од клучните републиканци (Мекконел и Меккол) дека нема доволно направено за Украина и дека треба уште посериозно да се посвети на судирот.

По промената на раководството на Претставничкиот дом на САД и доаѓањето на републиканец на лидерската позиција, постои сомнеж дека тој ќе може да се спротивстави на републиканците кои се против помошта за Украина, и дека нема да дозволи изгласување на масовни пакети помош како што тоа беше во изминатава година.

Паралелно со ова Трамп го нападна Бајден за тоа што го посетил Киев додека во Источна Палестина (во Охајо) се случува една од најголемите хемиски хаварии во историјата на САД. Додека гувернерот на Флорида, Рон Десантис го критикуваше „бланко чекот“ што Бајден и го дал на Украина порачувајќи дека не мисли дека е во интерес на САД да се дел од војна за територија освоена од Русија.

Очекувањето е дека ако Трамп стане републикански кандидат, а Бајден остане демократски, тогаш главната дебата меѓу двајцата ќе биде токму околу Украина.

До сега американскиот конгрес има одобрено 113 милијарди долари воена, економска, хуманитарна и друга помош за Украина, која се уште не е целосно потрошена. Последниот пакет што Белата куќа успеа да го протурка пред смената на власта во Претставничкиот дом изнесуваше 45 милијарди долари, и се очекува тој да биде доволен за поддршка на украинската страна до средина на јули.

Неименуван демократ за Њујорк тајмс објаснува дека Белата куќа не сфаќа баш најдобро како помошта изгледа во очите на Американците кои се под постојан бараж од соопштенија за испраќање дополнителни 500 милиони или 1 милијарда долари помош на секоја недела или две.

Процената е дека воената помош е попопуларна меѓу Американците бидејќи таа се троши на оружје произведено од американски фабрики, што не важи за економската помош.

„Проблемот е што колку подолго трае војната, толку е поголем ризикот дека американската решителност ќе избледе, без разлика колку многу труд ќе вложи претседателот за да ги убеди Американците да останат на овој пат.

Токму затоа е критично САД повеќе да се вложат и да и помогнат на Украина работите да ги заврши на военото поле.

Ако поддршката од САД избледе со тек на време, сосема е можно дека ќе завршиме во најлошиот можен свет во кој Русија ја извадила победата од челустите на поразот,“ објаснува за Тајмс Андреа Кендал Тејлот од Центарот за нова американска безбедност.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес

Следно

Туркије: Децата во Кахраманмараш ги добија играчките од навивачите на Бешикташ

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop