Азиските берзи благо пораснаа, доларот ослабе

March 7, 2023
2 mins read

Берзите се претпазливи бидејќи растот на најголемите светски економии е забавен, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација

На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа, но тргувањето е претпазливо бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, додека економскиот раст забавува.

Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион, со исклучок на Јапонија, околу 7 часот беше повисок за 0,2 отсто.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,4 и 0,6 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,2 отсто.

Берзите се претпазливи бидејќи растот на најголемите светски економии е забавен, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Така утрово австралиската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени, на 3,6 отсто, како што се очекуваше.

Извозот од Кина падна, инфлацијата во САД останува на високо ниво

Податоците за надворешнотрговската размена од Кина се нешто подобри од очекувањата на аналитичарите, но се работи за натамошен пад, што укажува на слабост и на домашната и на странската побарувачка.

Кинескиот извоз е намален во првите два месеца од оваа година за 6,8 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот е намален за 10,2 отсто.

Инвеститорите се внимателни и поради неизвесноста на Волстрит. Вчера Dow Jones зајакна 0,12, а S&P 500 за 0,07 отсто. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,11 отсто.

Инвеститорите на најголемата светска берза не сакаат да преземат премногу ризик бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД останува на високо ниво, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.

Поради ова, инвеститорите се претпазливи пред извештајот на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, до Конгресот за состојбата на економијата.

Имајќи предвид дека инфлацијата е сè уште висока и економијата расте побрзо од очекуваното, пазарот ги зголеми проценките за каматните стапки на ФЕД, па сега се очекува да ги подигне во опсег од 5,50 до 5,75 проценти до септември, додека каматните стапки се сега помеѓу 4,50 и 4,75 отсто.

„Пазарот е претпазлив бидејќи оваа недела ќе стане јасно што се случува со американската економија, со оглед на тоа што Пауел ќе ја коментира ситуацијата и дека февруарскиот извештај за вработување во САД ќе биде објавен на крајот на неделата. Инвеститорите се загрижени за економските показатели бидејќи не знаат што ќе направи ФЕД. Едноставно кажано, сите патишта водат до Банката на федерални резерви“,

вели Ајрене Тункел, директорка во BCA Research.

Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,25 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 135,60 на 135,10 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0680 долари, додека вчера беше 1,0645 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,28 отсто, на 86,42 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,26 отсто, на 80,67 долари.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Казни за 156 возачи во Скопје: Низ градот се вози брзо и без возачка дозвола

Следно

Вашингтон смета дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да ја водат ОН

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop