Азербејџанецот кој инспирира милиони за помош на жртвите од земјотресот во Туркије се сретна со претседателот Ердоган

March 2, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) 

Сарвар Баширли, 33-годишниот Азербејџанец чија фотографија како со стар автомобил се обидува да стигне до Туркије и да понуди помош, инспирираше милиони да им помогнат на жртвите од земјотресот во Туркије, за Анадолу изјави дека му било чест што допатувал во земјата и што се запознал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Баширли замина во турската источна област Адијаман по двата земјотреси кои го потресоа регионот на почетокот на минатиот месец, лично доброволно да им помогне на жртвите меѓу остатоците од урнатите згради. Фотографија на која вози стар автомобил натоварен со помош за луѓето погодени од земјотресот во Туркије, со турско знаме на врвот, стана вирална, дојде во источната турска област Адијаман да волонтира.

„Многу беше тешко да ги изразам моите чувства кога се сретнав со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, изјави Баширли за Анадолу, додавајќи дека се сретнал со турскиот претседател кога тој ги прегледувал куќите со контејнери во кои привремено престојувале преживеаните од земјотресот.

„Бев многу емоционален во тој момент. Бев многу возбуден. Едвај зборував. Ова е голема чест и гордост за мене како човек од Карабах да одам во Туркије и да се ракувам со турскиот претседател“, рече тој.

Уште од силните земјотреси кои се случија минатиот месец, социјалните мрежи во Туркије изобилуваат со повици за помош и пораки за солидарност за милиони погодени луѓе во јужните делови на земјата.

Сепак, една посебна фотографија привлече внимание како ниту една друга, станувајќи симбол на меѓународната солидарност која беше изразена по катастрофата, која однесе повеќе од 45.000 животи во 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Баширли возеше модел на автомобил произведен во 1981 година, тој е внатрешно раселено лице од Карабах, регионот на Азербејџан кој беше под нелегална ерменска окупација речиси три децении, и ненамерно инспирира цела легија волонтери да направат нешто за погодените од земјотресот.

Фотографијата стана вирална на социјалните мрежи, привлекувајќи милиони лајкови и пофални пораки.

Баширли рече дека дошол во Туркије со поддршка на Хусеин Бујукфират, шеф на Турско-азербејџанското здружение на бизнисмени и индустријалци (ТУИБ), изразувајќи ја својата благодарност до здружението за организирањето на патувањето во регионот погоден од земјотресот.

„Ги донесов и моите двајца братучеди со мене и сите заедно направивме сè што можевме. Дадовме сè од себе во Туркије за да го поддржиме народот на некој начин“, рече тој.

„Помогнавме со поставување шатори и во испораката и дистрибуцијата на облека, храна, греалки и печки во селата“.

Баширли истакна дека волонтерите на ТУИБ во регионот, тој и неговите братучеди дистрибуирале помош од Азербејџан.

„Ги обезбедувавме луѓето во селата кои живеат во шатори со сè што им треба. Помошта доаѓаше со камиони до дистрибутивните пунктови и помогнавме да биде дистрибуирана до жртвите од земјотресот“, рече тој.

Повеќе од 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во северозападна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Домаќинките засукаа ракави и се фатија за сукалото, продавниците за бела техника „бомбардираат“ со реклами за поевтини апарати за леб

Следно

Германија: Минатата година забележан сериозен раст во нападите врз мигрантските домови

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop