Азар нема намера да замине од Реал, знае дека никој друг нема да му даде толкава плата

March 8, 2023
1 min read

Новинарот Марио Кортегана објави дека Еден Азар планира во целост да го одработи договорот со Реал Мадрид, фудбалерот од Белгија има неколку причини за ваквата одлука, една од нив се парите.

Еден Азар е најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но „кралевите“ видоа малку аир од трансферот. Фудбалерот од Белгија никако да се наметне во првиот тим и да покаже дел од мајсториите кои ги правеше во дресот на Челси.

Се говори дека „кралевите“ сакаат летоска да се разделат со Еден Азар, но според новинарот Марио Кортегана, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го одработи договорот со трајност од јуни 2024.

Една од причините е тоа што семејството на Еден Азар се чувствува добро во Мадрид и не сака да ја промени средината.

Секако и парите играат улога, Еден Азар е еден од најплатените на „Бернабеу“ и знае дека ниту еден друг клуб нема да му даде толкава плата.

Реал и претходно имаше вакви проблеми, тешко се ослободуваше од Герет Бејл кој иако не играше, поради високата плата и животот во Мадрид не прифаќаше трансфер.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пролетна офанзива во реонскиот парк во Ѓорче Петров

Следно

Последните единици на азербејџанскиот тим за спасување заминуваат од Кахраманмараш

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop