Азар има опција да се врати во Белгија

June 17, 2023
1 min read

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Белгија, тврди новинарот Саша Таволиери.

Триесет и двегодишниот Белгиец има опција да се пресели во РВДМ-47, за кој веќе настапува помладиот брат на Еден, Килијан. Доколку одлучи таму да продолжи со кариерата, тогаш финансиските услови од договорот ќе бидат споредни.

Минатата сезона „RVDM-47“ го зазеде првото место во втората најсилна белгиска дивизија и се пласираше во про-лигата.

Претходно беше објавено дека Азар размислува за пензија.

Реал Мадрид на почетокот на јуни објави раскин на договорот со Азар. Крилниот напаѓач играше за Реал Мадрид од 2019 година. Во сезоната 2022/23 забележа 10 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и две асистенции. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само со љубов беше направено ова што го наградивте, рече Дамјан Цветановски, кој беше избран за најдобар актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

Следно

(ФОТО + ВИДЕО) Седми протест „Србија против насилството“ во Белград и во неколку други градови

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop