Авторски концерт на Љупчо Коскаров во организација на „Охридско лето“

May 3, 2023
1 min read

По повод Денот на Македонската книжевност во петок од 20 часот во црквата „Света Софија“ авторски концерт на уметничка вокално-инструментална музика ќе одржи Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.

Концертот е во организација на Фестивалот „Охридско лето“, како дел од воспоставената практика да одржува концерти надвор од традиционалната фестивалска рамка, од 12 јули до 20 август.

Концертите кои ги реализиравме изминатиов период се само доказ дека градот, нашата верна публика, има потреба преку цела година од културни настани кои, пред сѐ, се издвојуваат со квалитет. Продолжуваме и во иднина по патот кој го прави Фестивалот поатрактивен и попривлечен за уметници и за љубителите на уметноста, вели директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика, инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров – познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од пет години, снимена е аудио, сѐ со цел да не се заборават традиционалните музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.

Овие оригинални композиции претставуваат заштита на македонската музичка литература и се вбројуваат во вечноста на светската музичка литература , вели Коскаров.

Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. Дваесет години е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави.

Учествувал на најпрестижните натпревари и се усовршувал на семинари и мастер класови во Минхен-Германија кај Р.Гетлер, во Париз-Франција кај М.Андре, Абердин-Англија кај Џ.Дикенсон. Учествувал на сите големи натпревари во Љубљана, Загреб, Белград и Скопје и освоил две први сојузни награди во Љубљана и Скопје.

Коскаров студирал во Љубљана, магистрирал во Софија, а во 2010 година докторира на тема ,,Образованието по труба во Р.Македонија“. Работи како редовен професор на Интернационалниот Универзитет „Еуропа Прима“ и е декан на Факултетот за музика.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Во пукањето во училиште во Белград убиени осум деца и чуварот – насобраните родители не можат да дојдат до децата

Следно

Полска вс. Германија, судирот во срцето на Европа

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop