Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

December 23, 2025
1 min read

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles).

Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата се случила на кривулестиот планински пат, при што возилото скршнало од патот и удрило во бетонска ограда. Поради силата на ударот, сопатникот бил исфрлен од автомобилот, додека Зампела бил заробен во возилото, коешто потоа се запалило. Зампела починал на местото на несреќата. Сопатникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, починал од повредите в болница.

Спортскиот автомобил беше напојуван од хибриден „В-6“ мотор којшто произведува повеќе од 819 коњски сили.

Винс Зампела (55) е една од највлијателните личности во индустријата за видеоигри. Како со-основач на „Инфинити вард“ (Infinity Ward), тој беше клучен во создавањето на мега-успешниот серијал „Кол оф дјути“. Во 2010 година, тој го основа „Риспон ентертејнмент“ (Respawn Entertainment), студиото коешто ги донесе светските хитови како „Титанфол“, „Титанфол 2“, „Апекс леџендс“ и „Стар ворс џедај: Фолен ордер“.

Неговото студио во 2017 година беше купено од гигантот „EA“, но Зампела продолжи да го води тој дел. „ЕА“ издаде официјално соопштение, каде што се истакнува „длабокото и далекусежно“ влијание на Зампела.

„Ова е незамислива загуба и нашите срца се со семејството на Винс, неговите најблиски и сите оние што беа допрени од неговата работа. Влијанието на Винс врз индустријата за видеоигри беше длабоко и далекусежно. Пријател, колега, лидер и визионерски творец, неговата работа помогна во обликувањето на модерната интерактивна забава и инспирираше милиони играчи и развивачи низ целиот свет. Неговиот спомен и оставштината ќе продолжат да го обликува начинот на којшто игрите се изработуваат и како играчите се поврзуваат со генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението.

Сведок на сообраќајната им доставил на властите видеоснимки од несреќата. Околностите што довеле до губење на контролата врз возилото сè уште се истражуваат. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Следно

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop