Автобус со патници од БиХ се преврте кај Венеција, повредени над 30 лица

January 1, 2024
1 min read

САРАЕВО (АА) – Сообраќајна несреќа се случи синоќа по полноќ во Италија во градот Сан Дона ди Пиаве кај Венеција кога двокатен автобус со 79 лица од Босна и Херцеговина се преврте на патот, јавија италијанските медиуми, пренесува Анадолу.

Како што наведува порталот „Венеција тудеј“, несреќата се случила околу 2:30 часот кога туристички автобус со патници од Босна и Херцеговина, кој сообраќал кон Трст, се превртел на патот.

Покрај 77-те патници во автобусот, имало и двајца возачи, а на местото на несреќата интервенирале пожарникарите кои помогнале во извлекувањето на патниците.

Новинската агенција АНСА јавува дека над 30 лица се полесно повредени. Ним, на местото на несреќата помош им дале бројни медицински тимови, а потоа се пренесени во Јесоло и во другите блиски болници.

Како што пренесуваат локалните медиуми, несреќата најверојатно се случила поради лизгав коловоз.

Акцијата за спасување завршила во 7: 30 часот, а патниците во текот на денот ќе бидат пренесени до нивните дестинации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски со видео-честитка: Посака среќни празници и најави нови капитални проекти

Следно

„И тоа се исполни“: Министерот Меџити се кладел дека првото дете родено во 2024 ќе биде машко

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop