Австрискиот европратеник Томас Вајц го посети НП „Маврово“

February 23, 2025
1 min read

Австрискиот европратеник и постојан известувач за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц го посети националниот парк „Маврово“.

На средбата со раководството на установата европратеникот Вајц искажал задоволството од теренското разгледување и посочил дека регионот и паркот имаат огромни потенцијали за развој на алтернативниот туризам и сточарството.

Од НП „Маврово“ информираат дека на работната средба гостинот се залага земјава да добие правичен третман и наскоро да ги започне преговорите со Европската Унија и дал ветување дека во извештајот ќе го подвлече проблемот поради неможноста од значително искористување на ЕУ фондовите.

Директорот на НП „Маврово“ Харис Ибраими го запозна новиот европратеник со плановите за периодот кој следува и активностите за заштита на природните ресурси, но и предизвиците кои се однесуваат на масовното иселување на локалното население.

Ибраими на средбата предложил да се стави поголем фокус на финансиската поддршка за граѓаните и бизнис секторот во рурални средини со што би се помогнало при создавање на подобри услови за населението и негово опстојување на територија на паркот. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа бара промени: Мицкоски упати честитка до ЦДУ по повод победата на изборите во Германија

Следно

Мицкоски со честитки до ЦДУ за значајната победа на изборите

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop