Австралиските власти ја пронајдоа изгубената радиоактивна капсула

February 1, 2023
1 min read

Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот

Австралиските власти денеска ја пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во Западна Австралија, соопшти државниот министер за вонредни ситуации.

Британските медиуми пренесуваат дека точно една недела траеше потрагата по капсулата што испаднала од камион на патот долг 1 400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт.

Камионот со капсулата пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари.

Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот.

Јадрото на капсулата содржело мало количество радиоактивен цезиум-137, што, доколку се допре, може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри.

Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиумот со период на полураспаѓање до 30 години.

До негово ослободување доаѓа во случај на употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина.

Компанијата „Рио Тинто“ пред три дена се извини за загубата на капсулата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата казни 143 возачи во Скопје

Следно

Австралија: Пронајдена мала радиоактивна капсула по која се трагаше со денови

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop