Австралија најави дека ќе ја признае палестинската држава

August 11, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Австралија официјално ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во септември, најави денес премиерот Ентони Албаниз, пренесува Анадолу.

Албаниз им рече на новинарите дека Палестинската управа дала ветувања за разоружување, признавање на Израел и исклучување на Хамас од какво било идно управување со Палестина, објави Австралиската радиодифузна корпорација.

Медиумите претходно објавија дека Канбера размислува да објави временска рамка за признавање на Палестина, а Кабинетот го одобри планот кратко потоа.

На прашањето дали најавата може дополнително да ја охрабри Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со својата воена офанзива во Појасот Газа, Албаниз рече дека ја изразил својата загриженост за Нетанјаху во врска со воената акција на Израел во Газа.

„Мислам дека го искажав тоа на многу јасен начин. Но, коментарите на премиерот беа слични на оние што ги даде пред една година, а тоа е дека тие се решени да го отстранат Хамас“, рече тој.

Франција ја објави својата намера да ја признае Палестина на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, додека Велика Британија се заложи да го поддржи признавањето на Палестина ако Израел не исполни серија услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и многу топло, температурата до 39 степени

Следно

Барди со гол дебитираше за Коњаспор

Latest from Blog

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север,

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата
Go toTop