Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

December 22, 2025
1 min read

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека при судирот не дошло до пожар.

„Беше страшно, пилотот преку разгласот се обидуваше да ја смири ситуацијата и да прикаже дека не е толку сериозна колку што изгледаше. Тие повеќе не можат да го користат авионот. Авионот штотуку почна да се движи кон пистата кога удри во цистерната“, изјави еден од патниците, пренесува порталот GB News.


Портпаролот на аеродромот во Единбург потврди дека дошло до „инцидент“, но ги негираше тврдењата дека судирот предизвикал пожар, додавајќи дека немало влијание врз работата на аеродромот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Следно

Емери е приземен: Не сме кандидати за титулата

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop