Авион на „Ер Канада“ се запали за време на слетување

December 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Авион на „Ер Канада“ принудно слета на Меѓународниот аеродром „Халифакс Стенфилд“, поради дефект со опремата за слетување, пренесува Анадолу.

Летот 2259 на „Ер Канада“, кој тргна од Меѓународниот аеродром Сент Џон, доживеа проблеми со слетувањето во 9:30 по локално време што предизвика лизгање и запалување на моторот, по што брзо реагираа екипите за итни случаи за да се осигура безбедноста на сите во авионот, објавија неколку медиуми.

Патничката Ники Валентин за Си-би-ес њуз изјави дека еден од пневматиците на авионот не се спуштил правилно при слетувањето.

„Авионот почна да се навалува под агол од околу 20 степени налево, и како што се случи тоа, слушнавме прилично гласно нешто што звучеше како удар, додека крилото на авионот почна да се лизга по пистата, заедно со она што претпоставувам дека е моторот“, рече таа.

По слетувањето, патниците се евакуирани и однесени во хангар за да бидат прегледани од медицинските екипи. Не се пријавени жртви.

Како мерка на претпазливост, летовите на аеродромот во Халифакс беа привремено прекинати по инцидентот, додека од раните утрински часови денес, една од пистите е повторно отворена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Седумдесет отсто од даночните обврзници ги подмириле даночните обврски во законскиот рок

Следно

Гвардиола направи список со посакувани засилувања

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop