Авиокомпаниите стануваат банки

November 12, 2023
1 min read

Минатата недела, американската Делта Ерлајнс објави промени во својата програма SkyMiles што ќе го отежнат статусот на собирање и искористувањето на поволностите. Наместо да се потпира на комбинација од потрошени пари долари и поминати милји, Делта ќе наградува само по една метрика  – потрошените долари. И притоа го зголеми износот потребен за да се добие награда. 

Накратко, SkyMiles повеќе не е програма за чести патници туку за големи трошаџии.

Иако гневот кон компанијата е разбирлив, во крајна линија вината лежи во Конгресот.

Од 30-тите па до седумдесетите години на минатиот век, владата ги регулирашпе авиокомпаниите како јавни претпријатија. Одбор решаваше кои авиокомпании можат да летаат на кои линии и колку може да наплатат. Целта беше да се дојде до цени праведни за патниците. Во 1978 година, Конгресот ја дерегулираше авиоиндустријата. Ослободени од регулативата, авиокомпаниите смислуваа нови тактики за да го заземат пазарот кој им се отвори. Американ ерлајнс беше една од најагресивните. Таа смисли попуст „супер заштеда“ за да ги продаде последните неколку преостанати седишта во авионите. Тоа значеше евтини цени за патниците во последен момент и повеќе приходи за компанијата чии авиони ќе летаа со или без пополнети седишта.

Ова пак ги разлути деловните патници, кои си купувале билети на време, значи, поскапи. За нив, вои 1981 година, Американ Ерлајнс ја разви програмата за често патување, а другите авиокомпании го следеа примерот.

Системот, кој на почетокот беше многу едноставен, логичен и разбирлив, со текот на времето стануваше сè покомплициран за денес да фунционира вака:

Авиокомпаниите создаваат поени од ништо и ги продаваат за вистински пари на банките за ко-брендирани кредитни картички. Банките им доделуваат поени на сопствениците на картички за трошење, а и банките и компаниите за кредитни картички заработуваат од маржите од трансакциите. Сопствениците на картички можат да откупат поени за летови, но и други стоки и услуги преку е-продавниците на авиокомпаниите.

За авиокомпаниите, ова е бонбона бизнис. Немаат трошоци од поените додека не се откупат (или немаат никогаш, ако поените се заборават). Ова ги направи програмите за лојалност многу профитабилни.

Анализа на „Фајненшл тајмс“ покажа дека Вол Стрит повеќе ги цени програмите за километражата отколку самите авиокомпании. На пример, програмата MileagePlus на Јунајтед беше проценета на 22 милијарди долари, додека пазарната вредност на самата компанија беше само 10,6 милијарди долари.

Дали е ова добра шема за корисниците, тоа веќе посложено прашање. Да платиш лет или хотелска соба со поени може да изгледа како бесплатен бонус, но бидејќи маржите за финансиските трансакции ги зголемуваат цените низ целата економија – Виза и Мастеркард земаат провизија од секоја продажба – прави системот да е лош за оние кои немаат картички и тие плаќаат повисоки цени без да добиваат поени, со што ги субвенционираат поволностите  за корисниците на картички, кои имаат тенденција да се веќе побогати.

Во секој случај, авиокомпаниите, како и федералните резерви, издаваат валута (поени) од ништо. Притоа тие решаваат колку вреди таа валута и на што може да се потроши.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд, пообилни во западните делови

Следно

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во Појасот Газа влегле уште 53 камиони со помош

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop