Атлантски совет: Експертите очекуваат распад на Русија до 2033 година

January 12, 2023
1 min read

Русија каква што ја знаеме можеби нема да постои до 2033 година, покажа истражување на Атлантскиот совет, во кое учествуваа 167 глобални експерти, кои дадоа свое мислење за тоа како геополитиката, социјалните и политичките движења, како и ситуацијата во други области, би можеле да изгледаат во следните 10 години.

– Во следната деценија, светот може да се соочи со голема економска криза, како онаа во 2008 и 2009 година, и пандемија со иста сила и влијание како Ковид, е заклучокот на повеќето експерти.

Извештајот, исто така, укажува дека во наредните години повеќе земји ќе посегнат по набавка и производство на нуклеарно оружје, пред сè Иран и Саудиска Арабија, а потоа Јужна Кореја и Јапонија.

Според експертите, може да се очекува кинеска воена офанзива против Тајван, американско-кинеското раздвојување можеби нема да биде толку драматично како што се мислеше досега, САД ќе останат моќни, но не и хегемон, глобалната соработка за климата ќе се зголеми, но ќе го ограничи ентузијазмот за максималните количини на емисии, ќе има уште поголема глобална нестабилност, затегнувањето на војната меѓу демократијата и автократијата ќе продолжи, со тоа што демократиите потенцијално ќе изгубат одредено место, демократиите ќе се соочат со тешка деценија на системски опасности, а меѓународните безбедносни организации веројатно ќе останат во голема мера непроменети дури и како светот се соочува со невидени промени и предизвици.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утре протест пред Влада: Да се сопре убивањето и мачењето на кучиња

Следно

Ковачевски: Струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop