Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

November 1, 2025
1 min read

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е резултат на „колективните напори“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од општина Атина, во категоријата за најдобра европска културна дестинација, грчката метропола беше избрана меѓу градови како Париз, Лондон, Прага, Рим, Венеција, Лисабон и Порто, додека пак во другата категорија ги победи Мадрид, Берлин, Лондон и други европски центри.

– Признанието на Атина како водечка културна дестинација е резултат на колективен напор. Наградата им припаѓа на луѓето на градот, на туристичките работници, уметниците и на вработените кои секојдневно го одржуваат жив пулсот на Атина. Во нашиот град минатото се среќава со иднината, културата со современиот живот, а традицијата со иновацијата. Со план и доследност, стабилно се искачуваме на европската културна и туристичка карта, истакна Дукас.

Минатата година Атина беше прогласена за најдобра светска културна дестинација и најдобра европска City Break дестинација. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајпциг го доби дербито против Штутгарт

Следно

Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop