Атина на нозе: Граѓаните гневни поради несреќата се судрија со полиијата (ВИДЕО)

March 1, 2023
2 mins read

Вечерва на улиците на Атина избувнаа нереди кога голем број граѓани гневни на владата излегоа на улиците.

Причина за гневот е што Владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Треин“ која во моментов оперира со патнички и товарни возови.

Полицијата со солзавец се обиде да ги спречи луѓето на улиците.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави дека сè укажува дека човечка грешка е причина за несреќата во која загинаа повеќе од 40 лица, но дека ќе биде формирана независна комисија од експерти која ќе истражи се.

– Штотуку се вратив од местото на трагедијата која засекогаш ќе остане во нашата колективна меморија. Десетици наши сограѓани Грци, главно млади луѓе, таму ги загубија животите во страшна железничка несреќа што не е запишана во историјата на нашата земја – рече Мицотакис во своето обраќање.

Тој потсети дека министерот за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис, преземајќи објективна политичка одговорност, веднаш поднесе оставка.

Како што е соопштено, во писмото од 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажал на бројни проблеми во грчките железници. Во писмото наведуваат дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема крај на несреќите“.

Тогаш изјавија дека несреќите се секојдневна појава и дека не се преземаат суштински мерки за подобрување на инфраструктурата и работењето, дека не се врши ревизија на инволвираните агенции и дека не се бара одговорност.

– Како и претходните влади, така и сегашната има други приоритети, а не безбедното движење на граѓаните. Тие ја гледаат безбедноста како трошок. Министерството наоѓа пари за разни договори, но конечно да се доврши железничката инфраструктура и безбедни сообраќајни системи НЕ! – стои во тој допис.

Констатирано е и дека интервенциите се вршат селективно, а надлежните си си ги префрлаат одговорностите.

– Виновни се поплавите, виновни се пожарите, виновен е снегот, виновни се другите, малку сме ние,… – беше констатирано тогаш.

Потоа побараа да се овозможи специјализација на персоналот, да се завршат инфраструктурните проекти за да се обезбеди безбедно работење, правилно да се одржуваат шините и да се поправат возовите, да се обезбеди лична заштитна опрема и да има техничар задолжен за безбедноста, како и лекар во секој комплекс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки

Следно

Николоски: „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop