Атанасоски во 24 анализа: Без разлика кој е на власт кај нас за жал никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

May 14, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Благоја Атанасоски во 24 анализа рече дека, семејствата на жртвите во трагедијата „Пулс“ во Кочани вината за пожарот ја бараат кај политичките партии кои наизменично ја воделе државава.

Според него, понекогаш треба да се надминат политичките суети и да се прифаќаат предло-закони на опозицијата.

 „Јас мислам дека граѓаните во Кочани вината најмногу ја лоцирале кај овие две политички партии без разлика која колку била на власт. Ја лоцирале во системот, а системот го создадоа овие две политички партии. Кај истите тие две политички партии вината е подеднаква , двете се виновни. Тие од 1991 го создале овој систем кој доведе до функционала корупција не само во Кочани туку сегде. Во нормални цивилизирани држави е нормално да се прифати закон предложен од опозиција. Кај нас е одлика никогаш да не се прифати предлог закон од опозицијата без ралика кој е на власт а кој опозиција. На ваков случај ние не може да ги надминеме ситно партиските суети и да се прифати ете тој закон. На сите родители им е згадено од политичките елити и вината ја посочуваат кај сите и сега ние треба да правиме политика од тоа? Ако имаа срам ќе молчеа сите и немаше да има полиички препукувања. Што направија пратениците освен што си дадоа одмор по трагедијата, за разлика од кај нас во Бугарија пратениците организираа и донираа пари. Јас во Македонија не видов масовно да се откажуваа од платите и да донираат за семејставата“, рече Атанасоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на санкциите

Следно

Илија Абутовиќ го продолжи договорот на уште една сезона со Е.Пелистер!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop