Асоцијацијата на земјоделци и фармери: Лебот треба да чини само 20 денари

February 22, 2025
1 min read

„При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од 30 до 35 денари за една векна со различна тежина“. Ова се аргументите на Асоцијацијата на земјоделци и фармери за барањето цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот.

„Според откупната цена на пченицата која беше од 9 до 11 денари за килограм, реално е цената на лебот да биде 20 денари. Тоа значи дека ние, како Асоцијација, имаме направено прецизна калкулација во која не треба лебот да биде повеќе од 20 денари. Предлагаме, сите млинари и пекарници да ја прифатат оваа наша калкулација и уште веднаш и цената на лебот да биде 20 денари“,” изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери.

Потребите на земјава од пченица се околу 360 000 тони, а производството, според асоцијацијата е околу 230 000 до 240 000 тони. Другото се увезува од соседните земји.

Според Александар Ристески, производител на леб од Прилеп, сегашната цена на лебот е реална и прифатлива, од 30 до 35 денари.

„Сметам дека сегашната цена е реална. Пред 10-15 години, цената на лебот беше 25 денари. Сега, продажната цена на лебот е 30 денари. Кога ќе направиме споредба на ресурсите, на репроматеријалите, на струјата, на работната рака, а пред 10-15 години, па и сега, па макар и на брашно“, мислам оваа цена е прифатлива за потрошувачите, рече Ристески.

Зголемувањето на домашното производство на пченица го посакуваат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери, но бараат повеќе субвенции, иако се дава земјиште под концескија и да се намалат за 50 проценти заштитните средства кои се меѓу најскапите во регионот.

„Можеби еден ден ќе дојдеме во ситуација на зголемени површини и производство на пченица, но за оваа реколта не посеавме доволно поради недостиг од механизација за обработка на површините. Според состојбите, за оваа година треба да очекуваме принос од околу 240 000 тони пченица. Државата треба да го поддржува посилно производството на пченица. Таа треба да ја покрива загубата од производната до продажната цена. Инспекторатот за земјоделство треба повеќе да се позанимава со земјоделските аптеки, зашто цените на заштитните средства се многу големи што ги зголемува трошоците за производство. На пример заштитно средство „логранд“ за пченицата во нашите аптеки чини 400 до 500 денари, а во соседните земји е 100 денари“, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и фармери Стојкоски.

Според производителите на леб, зголеменото производство на пченица може да влијае на намалувањето на цената на лебот, но ако домашната пченица во млиновите за брашно не се меша со увезена, пишува МИА.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Игор Стефановски – Иџе во европскиот крем на возачи во Љубљана

Следно

Поднесено обвинение за Гоце Трајковски кој запали кафуле во Кисела Вода, Обвинителството објави детали

Latest from Blog

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да
Go toTop