Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва, Русија им пружи азил

December 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Соборениот сириски претседател Башар ал-Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва, каде Русија им понуди азил, објави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесува Анадолу.

„Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија, врз база на хуманитарни причини, им даде азил“, цитира ТАСС извор од Кремљ.

По период на релативно затишје, на 27 ноември повторно се разгореа судирите меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во западните рурални подрачја на Алепо, голем град во северна Сирија.

Во текот на 10 дена, опозициските сили изведоа молскавична офанзива, освојувајќи клучни градови, а потоа, денес, и главниот град Дамаск. Брзиот напредок доведе до пад на режимот на Асад по 13 години граѓанска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Свечена академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

Следно

Меџити до ДУИ: ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО!

Latest from Blog

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот отвори наддавање за луксузното портфолио на поранешниот премиер Никола Груевски: три станови на Водно по 200 m² со панорамски тераси се ценети по 850 000 евра,

Џамијата Ал-Бар од отоманската ера во Јафа стои како симбол на трајно наследство

СКОПЈЕ (АА) – Џамијата Ал-Бар, позната на Палестинците како Арус ал-Бар (Невеста на морето), останува едно од најистакнатите архитектонски наследства на Отоманската империја во крајбрежниот град Јафа, известува Анадолу. Изградена за време
Go toTop